Забава
Ема Вотсон снимена како се бакнува со мистериозен маж, откриено за кого се работи
Актерката Ема Вотсон моментно магистрира вонредно на „Оксфорд“, а фотографите ја фатија како се бакнува со мистериозен маж, пишува „Дејли мејл“.
Парот уживал во слаткарница во близина на универзитетот, а извор близок до странските медиуми рекол дека имало пријатна атмосфера додека биле на состанок. Се вели дека мистериозниот човек на актерката е нејзиниот колега, студентот од „Оксфорд“, Киеран Браун, за кого се вели дека докторирал на литература и економија од 19 век.
La prensa de UK ya filtro el nombre del enamorado de Emma Watson se llama Kieran Brown, fue fácil para la prensa averiguar su nombre pues es su compañero de la universidad de Oxford está terminando un doctorado en literatura y economía del siglo XIX.
2 cerebritos se juntaron ❤️ pic.twitter.com/vmPa8Qd1L8— ❤IStandWithEmmaWatson🇵🇪 (@stefyxamara) July 9, 2024
„Ема студира креативно пишување, а неговиот труд е за теоријата на литературата, така што може да зборуваат за многу работи. Изгледа дека многу се сакаат”, изјавил извор за „Сан“.
Инаку, пред најмалку една година актерката раскина со Брендон Грин, синот на деловниот тајкун Сер Филип, по 18-месечна сериозна романса.
Поранешниот пар ги запозна родителите, уживаше во романтичен одмор во Венеција, но на љубовта ѝ дојде крајот. Грин беше познат како вљубеник во забавата и беше со многубројни модели пред да влезе во врска со актерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Момците од One Direction се огласија: „Ние сме уништени“
Поранешните членови на One Direction се простија од Лиам Пејн.
Тие во заедничко соопштение објавија дека се целосно уништени од веста за нивниот поранешен колега.
„Во догледно време, кога ќе можеме, ќе кажеме повеќе. Сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја преболиме загубата на нашиот брат, кого неизмерно го сакавме. Неговите спомени ќе бидат вредни засекогаш. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите кои го сакаа. Многу ќе ни недостига. Те сакаме Лиам“, се наведува во соопштението.
Лиам објави пет албуми со бендот
Забава
(Видео) „Ова е непримерно“: Хајди Клум позира со ќерката во кампања за долна облека
Поранешната манекенка Хајди Клум на „Инстаграм“ се пофали со фотографиите на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзиното објавување предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во тантелена долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
View this post on Instagram
„Лени и јас се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете нè на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа во објавата што ја сподели и ќерка ѝ.
Како дел од објавата има и видео на кое Хајди и ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика многубројни негативни реакции.
View this post on Instagram
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Ова е несоодветно“, „Изгледа како почеток на филм од 18+“, „Да, нема ништо подобро од тоа да позираш полугола со мајка ти“, „О, тато и јас го правиме тоа постојано, само во боксери“, се дел од коментарите под објавата.
Забава
Актерот од филмот „Сам дома 2“ снимен на прошетка, глетката ги растажи фановите
Тим Кари, британскиот актер запаметен по улогата во филмот „Сам дома 2“, е снимен по долго време. Во еден од најпопуларните божиќни филмови тој го глумеше рецепционерот во хотелот Плаза.
Сега тој беше фотографиран додека шеташе во Лос Анџелес придружуван од асистент, а оваа сцена ги растажи неговите обожаватели.
Кари (78) во 2012 година доживеа мозочен удар, поради што сега користи инвалидска количка и има потреба од помошник.
Неговото семејство долго време го чуваше неговото здравје во тајност.