Македонија
„Глупави се соопштенијата на СДС во кои се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер, нема тајни средби на јавен настан“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).