Свет
Обелоденет планот на Трамп за НАТО: „Европа мора да се разбуди“

Доналд Трамп размислува за драстично намалување на размената на разузнавачки информации со членките на НАТО, потврдија за „Политико“ странски претставници информирани за планот на поранешниот, а можеби и иден американски претседател.
Ова, пишува „Политико“, би можело да испадне исклучително опасно бидејќи Европа е во голема мера зависна од Америка кога станува збор за пристап до овој вид информации, што веќе ѝ помогна на Украина да се одбрани од Русија.
Советниците на Трамп им кажаа на сојузниците дека намаленото споделување информации ќе биде дел од поширокиот план за намалување на поддршката и соработката на САД со 32-члената алијанса, рекоа тројца европски и високи претставници на НАТО, кои разговараа со „Политико“ под услов да останат анонимни да може да ја открие содржината на внатрешните комуникации.
Официјални лица рекоа дека дознале за предлогот за намалување на споделувањето разузнавачки информации за време на дискусиите со советниците на Трамп за пошироките планови за намалување на американското учество во НАТО. Поранешниот претседател постојано го испрашуваше и се обидуваше да го поткопа сојузот за време на првиот мандат.
Намалувањето на размената на разузнавачки информации може да има сериозни безбедносни импликации, особено за Украина, која се обидува да се одбрани од руската инвазија.
„Американското разузнавање помогна да се убедат многу земји од НАТО дека Путин е решен да ја нападне Украина“, рече еден европски функционер. „Некои земји не веруваа дека Русија има капацитети да почне успешна воена кампања“, додаде тој.
Запрашан за коментар, портпаролот на кампањата на Трамп не одговори директно, туку се осврна на социјалната мрежа TruthSocial дека поранешниот претседател „ќе го врати мирот и ќе ја обнови американската сила и одвраќање на светската сцена“.
Ограничувањето на споделувањето разузнавачки информации во можната идна администрација на Трамп беше тема на разговор на самитот на НАТО оваа недела, потврдија европските претставници, како и висок американски функционер. „Политико“ обезбеди анонимност за сите слободно да разговараат за своите размислувања за втората администрација на Трамп.
Намалувањето на нивото на размена на американско разузнавање може да ја намали способноста на Европа да се спротивстави на руската инвазија доколку претседателот Владимир Путин одлучи да ги прошири воените операции на континентот надвор од Украина, изјави висок американски функционер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.