Македонија
Министерот Перински на официјална средба со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП: Дигитализацијата на локалната заедница главен фокус за претстојниот период

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес имаше средба со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP – United Nations Development Programme).
Главен фокус на состанокот беше статусот на тековните проекти, кои се придобивките од имплементираното досега, како и што може да се подобри во иднина за идните планови и активности, сѐ во насока на продлабочување на соработката, со цел зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во сите сфери.
Соработката помеѓу Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и донаторите, резултира со многубројни активности од исклучителна важност во градењето на капацитетите на општините, а воедно и на општинските совети, нивна соработка со граѓанскиот сектор и младите, придонесувајќи тие да се двигатели на одржливиот развој.
Проектите ги вклучуваат, но не се лимитирани на следните активности, како општински развоен индекс, кој помага за утврдување на степенот на развој на општините и идентификација на приоритетни развојни активности, фонд за техничка документација, со кој се обезбедуваат средства за изработка на покомплексни инфраструктурни проекти, интегрирани планови за локален развој, кои врз основа на повеќе податоци обезбедуваат интегриран пристап во планирањето и широки процеси на консултација со жителите на општините, зајакнување на општинските совети и општинската администрација, ИКТ-алатки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, апликации за данок на имот, кои помагаат за полесна наплата, а со тоа и обезбедување повеќе средства на локално ниво за подобар квалитет на живот, имплементација на форуми во заедниците и инфраструктурни проекти, а воедно и дигитализација на општините преку LOGES-платформата, која овозможува електронски услуги до граѓаните.
УНДП со својата поддршка на Министерството за локална самоуправа, покрај останатите цели, проектите ги насочува кон развојот на осумте плански региони, а воедно и кон дигитализација на сите општини во државата. Оперативниот акциски план на УНДП преку својата поддршка на Министерството за локална самоуправа, преку проектите е насочен кон посистемски приод во дигитализацијата на внатрешните процеси и услуги во управувањето со јавните финансии и локалните даноци и такси. Исто така, целта е во наредните неколку години да се создадат услови за опфат на сите општини, за пристап на граѓаните до стандардизирани Е-услуги на локално ниво преку единствениот портал за Е-услуги, а секако и зголемување на транспарентноста и отчетноста преку користење е-алатки, кои што овозможуваат поинклузивен пристап и го поттикнуваат граѓанското учество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои на некои места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови.
Поради тоа, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен удар: престој во разладени простории, внесување на доволно течности, избегнување на алкохол и засладени пијалаци, носење лесна и светла облека, како и ограничување на физичката активност во најтоплите часови.
Особено внимание треба да се посвети на ризичните групи — деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
Во случај на појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш треба да се побара медицинска помош.
Министерството ја следи состојбата и ќе постапува според потребите.
Според најавата на УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северероисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Македонија
Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање – бесплатен за онколошки пациенти, поевтин за пациенти со упат, поскап за вработените и најскап за граѓаните кои доаѓаат по други причини. Договорот за управување со паркингот ќе го потпише Министерството со ЈП Градски паркинг.
Се најавува и оптимизација на паркинг просторот, со дупло повеќе места и дополнителни влезови, вклучувајќи и еден кај Кардиологија. Ќе се воведе 24-часовен мониторинг со камери и нов систем за следење на плаќањето и активностите. Доколку оптимизацијата не биде доволна, ќе се размислува за изградба на катна гаража.
Македонија
Образец за пријавување прекршок во случај кога не е овозможен визуелен пристап до струјомерите

Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) изработи урнек за поднесување на претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер.
Министерството потврди дека токму Државниот инспекторат за енергетика е надлежен за спроведување инспекциски надзор во случаите кога операторот на електродистрибутивниот систем (ЕВН Македонија АД) не овозможува пристап до мерниот уред, што претставува повреда на член 164 став (1) точка 19 од Законот за енергетика. Истовремено, овој прекршок е санкциониран со глоба од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност согласно член 286 од истиот закон.
Со цел да се олесни поднесувањето на пријави од страна на граѓаните, ИНРМ изработи шаблон што секој засегнат корисник може слободно да го преземе, пополни и достави по електронски пат или редовно по пошта.
Претставката е достапна на следните линкови:
🔗 ИНРМ веб-страница (преземање на документи):
https://www.inzenerinarm.com/prevzemanje-dokumenti
🔗 Facebook група на ИНРМ каде е објавен документот:
https://www.facebook.com/share/p/16P8CmATVr/
Ги повикуваат сите граѓани на кои не им е овозможен директен увид во бројките на сопствениот мерен уред, да го искористат правото на пријавување, со цел да се заштитат како потрошувачи.