Македонија
„Филипче нема морална одговорност, остана во политиката и покрај тоа што во неговиот мандат живи изгореа 14 луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче нема морална одговорност, остана во политика и покрај што во негов мандат живи изгореа 14 луѓе. Венко Филипче е фолирант исто како Зоран Заев, првин поднесе фингирана оставка, за потоа повторно да остане министер. Се повлече со Заев, за потоа повторно да се врати како претседател на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во секоја друга демократска држава, по таква трагедија како со пожарот во модуларната болница во Тетово, министерот си дава неотповиклива оставка и си заминува трајно од јавната сцена. Тоа што Филипче остана во политика покажува дека има образ ѓон.
Филипче нема морална одговорност како човек, за него важни се само тесните интереси на Заев и него лично.
Филипче е избран за претседател на СДС за кога ќе треба да се соочи со одговорност, да се вади на политички притисок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

