Забава
Почина актерката Шели Дувал, ѕвездата на „Сјаење“
Актерката Шели Дувал, ѕвездата на хорор-филмот „Сјаење“, почина на 75-годишна возраст, пишува „Вараети“. Таа почина денеска во Тексас, потврди нејзиниот партнер Ден Гилрој.
Дувал беше позната по нејзината соработка со режисерот Роберт Алтман. Таа го имаше своето филмско деби во неговиот Brewster McCloud. Таа, меѓу другите, се појави и во неговите филмови McCabe и Mrs. Miller, Thieves Like Us и Nashville.
Тој ѝ додели улога во филмот „Три жени“ за кој ја освои наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал, како и номинација за БАФТА.
По таа улога, Стенли Кјубрик ја вработил во „Сјаење“, хорор-филм базиран на романот на Стивен Кинг. На тој филм му требаше повеќе од една година да се снима, а цело време Кјубрик ја тераше Дувал до нејзините граници. Некои од нејзините сцени во филмот бараа повеќе од 100 преработки.
Години подоцна таа зборуваше за тешкото снимање на „Сјаење“. „По некое време, вашето тело се бунтува. Вели: „Престани да ми го правиш ова. Не сакам да плачам секој ден“. И понекогаш само размислување за тоа ќе ме расплаче“, изјави таа еднаш за „Холивуд рипортер“.
Таа работеше во филмската индустрија три децении, а потоа мистериозно исчезна од Холивуд по улогата во филмот Manna from Heaven во 2002 година. Никој не знаеше зошто Дувал одеднаш реши да се повлече од актерството, но по некое време таа проговори за тоа.
Во едно од нејзините први интервјуа по долго време, Дувал за „Њујорк тајмс“ зборуваше за нејзиното заминување од филмската индустрија заклучувајќи дека тоа ја повредува. „Бев ѕвезда, имав водечки улоги. Луѓето мислат дека тоа е само стареење, но не е. Тоа е насилство“, рече таа.

„Како би се чувствувале кога луѓето би биле навистина добри, а потоа одеднаш, во еден миг, се свртат против вас? Никогаш не би верувале во тоа, освен ако не ви се случи. Ве повредува бидејќи не можете навистина да верувате дека е вистина“, додаде таа. Дувал кратко му се врати на актерството со улога во филмот The Forest Hills од 2023 година.
Нејзиниот партнер Ден Гилрој откри дека нејзините борби со физичкото и менталното здравје ја принудиле да направи чекор назад во кариерата, а појавувањето на „Д-р Фил“ во 2016 година само ја влоши ситуацијата.
Гилрој објасни дека Дувал во емисијата објавила и дека е „многу болна“ и дека „ѝ треба помош“, а нејзините изјави се оценети како бизарни. Така, вели Гилрој, епизодата со наслов A Hollywood Star’s Descent Into Mental Illness: Saving The Shining’s Shelley Duval ѝ нанела повеќе штета отколку корист на познатата актерка.
Тој исто така рече дека интервјуто со д-р Фил се случило без негово знаење и само ја натерало актерката да се повлече уште подалеку од јавниот живот. „Сите секогаш се заинтересирани за приказни за падот. Сè на интернет е ‘погледни ја сега’ и ‘нема да веруваш како изгледа сега’. Секоја славна личност добива таков третман“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

