Забава
Кралот Чарлс испрати поддршка до англискиот тим и со изјавата ги насмеа луѓето
Кралското семејство деновиве е посветено на Европското фудбалско првенство. По победата на Англичаните над Холанѓаните и нивниот пласман во финалето, на честитките им се приклучи и кралот Чарлс, кој испрати убава порака до националниот тим.
Сѐ е објавено на кралскиот официјален инстаграм-профил.
View this post on Instagram
„Јас и мојата сопруга, како и целото наше семејство, најискрено сакаме да ви честитаме за влезот во финалето и да ви посакаме сѐ најдобро за натпреварот в недела“, се вели во објавата.
Кралот малку се пошегува, а потоа напиша: „Сакам да ве охрабрам да обезбедите победа пред да има потреба од чудесни голови во последен момент или друга драма во пенал-серијата, сигурен сум дека стресот, отчукувањата на срцето и крвниот притисок на нацијата значително ќе се намалат.
„Кралот зборува во името на сите Англичани“, „Ми се допаѓа оваа порака“, „Одличен британски хумор“, беа дел од коментарите на нивните следбеници.
Еден од следбениците дури се пошегува и праша „дали, ако победиме, понеделник може да биде неработен ден“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.
Забава
Хит фризура на доделувањето на наградите „Еми“
Доделувањето на наградите „Еми“, кога станува збор за фризурите, го одбележа косата со должина до брадата и патец на страната. Идеална фризура за оваа есен.
Во продолжение фотографии од познатите личности, кои на свеченоста стигнаа со оваа хит фризура.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Забава
Најблескавите ѕвезди на црвениот тепих: интересни модни избори од церемонијата на доделувањето на наградите „Еми“
Сезоната на црвениот килим се вжештува, па на еден од најважните настани во забавната индустрија – доделувањето на наградите „Еми“, блеснаа многу ѕвезди. Тие навестија и за новите трендови што ќе владеат со Холивуд во следните неколку месеци.
Додека повеќето од гостите помалку ризикуваа и избираа повоздржани, потемни бои во класичните кроеви, некои се осмелија и пробаа поекстравагантни комбинации.
Еве некои од нив:
Лора Дерн
Џенел Џејмс
Кали Реис
Виола Дејвис и Џулиус Тенон
Кристен Виг
Софија Вергара
Рис Витерспун
Рита Ора
Сали Ричардсон
Јука Кури
Елизабет Дебицки
Никола Коклан
Моека Хоши
Дион Хармон
Џејн Розеан Клеј
Мирјам Леоне
Џенифер Анистон
Ана Саваи
Дејвин Џој Рендолф
Алисон Џејни