Забава
Метју Меконахи ги загрижи своите обожаватели со нова фотографија: „Ау, што ти е со окото?“
Актерот Метју Меконахи на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со многу отечено око и ги загрижи обожаватели.
Имено, актерот го искасала пчела, што предизвикало силна реакција на окото, кое било отечено и речиси целосно затворено.
Оваа несреќа многумина ја поврзаа со новиот филм што го снима Метју. Иако многу малку се знае за филмот, снимката од сетот го покажува Меконахи со неколку кутии мед. Затоа постојат шпекулации дека убодот од пчела се случил за време на снимањето на филмот, пренесува „Мирор“.
View this post on Instagram
Фотографијата на „Инстаграм“ има над 400 илјади „допаѓања“, а многу фанови во коментар ја изразија својата загриженост.
„Што е ова, дали си добро?“, „Те молам, внимавај“, „Ау, што ти е со окото?“, се дел од коментарите.
Многумина се пошегуваа со него во коментарите: „Треба да видите како изгледа другиот лик“, „Кога животот ќе ти даде пчела, правиш мед“, напишале неговите следбеници.
Во коментарите се огласија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, манекенката Синди Крафорд и многу други ѕвезди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.
Забава
Хит фризура на доделувањето на наградите „Еми“
Доделувањето на наградите „Еми“, кога станува збор за фризурите, го одбележа косата со должина до брадата и патец на страната. Идеална фризура за оваа есен.
Во продолжение фотографии од познатите личности, кои на свеченоста стигнаа со оваа хит фризура.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Забава
Најблескавите ѕвезди на црвениот тепих: интересни модни избори од церемонијата на доделувањето на наградите „Еми“
Сезоната на црвениот килим се вжештува, па на еден од најважните настани во забавната индустрија – доделувањето на наградите „Еми“, блеснаа многу ѕвезди. Тие навестија и за новите трендови што ќе владеат со Холивуд во следните неколку месеци.
Додека повеќето од гостите помалку ризикуваа и избираа повоздржани, потемни бои во класичните кроеви, некои се осмелија и пробаа поекстравагантни комбинации.
Еве некои од нив:
Лора Дерн
Џенел Џејмс
Кали Реис
Виола Дејвис и Џулиус Тенон
Кристен Виг
Софија Вергара
Рис Витерспун
Рита Ора
Сали Ричардсон
Јука Кури
Елизабет Дебицки
Никола Коклан
Моека Хоши
Дион Хармон
Џејн Розеан Клеј
Мирјам Леоне
Џенифер Анистон
Ана Саваи
Дејвин Џој Рендолф
Алисон Џејни