Свет
Стармер: Живееме во нова и опасна ера
Новиот британски премиер Кир Стармер синоќа ги повика сојузниците во НАТО да направат повеќе за да ги зголемат трошоците за одбрана велејќи дека тоа е потребно за да се заштитат вредностите на алијансата во „новата и опасна ера“.
Говорејќи на својот прв меѓународен самит откако стана британски премиер минатата недела, Стармер повтори дека неговата влада ќе изготви план за распределба на 2,5 отсто од БДП за трошоците за одбраната, со распоред што допрва треба да се постави.
Стармер постојано избегнуваше да одговори на прашањата дали американскиот претседател Џо Бајден е доволно способен да се кандидира за нов мандат откога по грешка украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече рускиот претседател Владимир Путин и набргу се поправи.
Наместо тоа, Стармер ја пофали улогата на Бајден во организирањето на, како што рече, успешен самит на НАТО во Вашингтон.
„Ова беше успешен совет, тој го водеше, тој заслужува признание за тоа“, рече Стармер на прес-конференција.
Во своите забелешки Стармер се обиде повеќе да се фокусира на самиот самит велејќи дека 23 од 32-те членки на алијансата сега трошат 2 отсто од БДП на одбраната, „но во пресрет на сериозните закани за нашата безбедност мораме да одиме понатаму“ цитирајќи во овој контекст „генерациска закана од Русија, поддржана од Северна Кореја и Иран“ и конфликтите што беснеат на Блискиот Исток и во Северна Африка, а тука е и предизвикот на Кина и тероризмот.
Анализата објавена во април од претходната британска конзервативна влада покажа дека британската одбранбена потрошувачка подобна за НАТО се очекува да биде 2,32 отсто од БДП во финансиската 2024 – 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.