Забава
Жените родени во четири хороскопски знаци стануваат се’ поубави како што стареат
Секоја жена со годините стекнува специфична убавина, а жените родени во одредени хороскопски знаци се се’ поубави како што одминуваат годините.
Како изреката „старее како убаво вино“, жените во овие четири хороскопски знаци стануваат поубави со годините. И не, не се работи само за надворешна убавина.
Овен
Како што стареат, жените Овни стануваат поискрени и посамоуверени. Тие се родени со лидерски квалитети.
Тие ги прифаќаат предизвиците ефикасно и лесно.
Нивната способност да водат ги прави еден од најатрактивните хороскопски знаци.
Близнаци
Жените Близнаци се радосни и со млад дух. Нивното лице привлекува внимание и ги вбројува меѓу најатрактивните знаци на Зодијакот.
Тие се мистични и самоуверени, живеат во моментот, а тоа им отежнува да се посветат на долгорочна цел.
Жените Близнаци уживаат во патувањето, каде што собираат мудрост и искуство.
Девица
Како млади, жените Девици се резервирани и срамежливи. Не сакаат да се наметнуваат и остануваат незабележителни во толпата.
Жените Девици имаат остар ум, шармантни се и разумни. Тие имаат одлични вештини за решавање проблеми, што дополнително ја зголемува нивната привлечност.
Тие имаат високи стандарди и можеби е тешко да се задоволат. Предизвикот е да се поврзете со нив на емотивно ниво.
Лав
Самоуверени, жестоки и храбри, жените Лав се најнескротливиот хороскопски знак.
Нивните лични квалитети, помешани со смисла за хумор и шарм, ги прават најатрактивен хороскопски знак.
Лавот секогаш работи на својот изглед и убавина, но никогаш не го занемаруваат своето внатрешно јас.
Како што стареат стануваат се посилни и посилни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Шакира се симна од сцената откако забележа дека некој ја снима под фустанот
На социјалните мрежи се прошири видео од Шакира од ноќен клуб. Пејачката била во еден клуб во Мајами кога го отсвириле нејзиниот нов сингл Soltera, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога песната свирела, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.
Луѓето во клубот веднаш ги вклучиле мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира на сред танц забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.
Шакира почнала да го спушта фустанот и набргу нерасположена се симна од сцената.
That’s just beyond gross. Shakira had every right to walk off, no one should have to deal with that kind of disrespect, especially when she’s just out there performing her music. People need to learn how to act with basic decency! 🤔
— SHAVA (@SHAVA787) September 15, 2024
Бројни обожаватели на пејачката го критикуваа човекот кој се однесувал вака.
shakira cant even enjoy and dance to her OWN song like?? 😢
— 🔞Rayne-Arts (@ArtsRayne) September 15, 2024
„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ниту да ужива, ниту да танцува на нејзината песна“, „Кој и да ја снимал вака, треба да биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина“, се дел од коментарите.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.
Забава
Хит фризура на доделувањето на наградите „Еми“
Доделувањето на наградите „Еми“, кога станува збор за фризурите, го одбележа косата со должина до брадата и патец на страната. Идеална фризура за оваа есен.
Во продолжение фотографии од познатите личности, кои на свеченоста стигнаа со оваа хит фризура.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram