Свет
(Видео)Трамп слета во Њу Џерси шест часа по обидот за негов атентат
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ја продолжи кампањата по обидот за негов атентат на митинг во Пенсилванија, пишуваат американските медиуми.
Strong and resilient. He will never stop fighting for America. pic.twitter.com/B9yR3SLQJV
— Margo Martin (@margommartin) July 14, 2024
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како Трамп излегува од авион. Тој беше лесно повреден во увото и згрижен во болница. Пет часа по нападот, американските медиуми објавила дека полетал на непозната локација. Во нова објава медиумите јавила дека шест часа по нападот Трамп слетал во Њу Џерси.
Пред патувањето во Њу Џерси, Трамп на социјалните мрежи кажа дека бил погоден во горниот дел на десното уво и дека поради тоа имал обилно крвавење. Тој се заблагодари на Тајната служба и полицијата за нивната брза реакција и изрази сочувство на семејството на загинатото лице и на семејството на тешко повредениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија го суспендираше новиот извоз на воено оружје во Израел
Германија го суспендираше новиот извоз на оружје за Израел додека се справува со правните предизвици, според анализата на податоците на Ројтерс и извор близок до Министерството за економија.
Извор близок до министерството цитираше висок владин функционер дека работата за одобрување дозволи за извоз на оружје во Израел е стопирана поради правниот и политичкиот притисок од правните случаи кои тврдат дека таквиот извоз од Германија го прекршува хуманитарното право.
Министерството за економија соопшти дека нема и нема да има забрана за извоз на оружје во Израел, а одлуките се носат од случај до случај по внимателно разгледување, додавајќи дека меѓународното право, надворешната и безбедносната политика се клучни фактори во нивните оценки.
– Нема бојкот на германскиот извоз на оружје против Израел – изјави владиниот портпарол во средата, коментирајќи го извештајот.
Минатата година Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од 326,5 милиони евра, вклучувајќи воена опрема и воено оружје, што е десеткратно зголемување во споредба со 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за економија, кое одобрува извозни дозволи.
Но, годинава одобренијата паднаа, а од јануари до 21 август се дадени само 14,5 милиони евра, покажуваат податоците на Министерството за економија како одговор на пратеничко прашање.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Свет
Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите
Производителот на автомобили Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите, објави германскиот деловен портал Менаџер.
Како што се наведува, поддржувачите на радикалните мерки во менаџментот на Фолксваген очекуваат бројот на работници да се намали од сегашните 130.000 за речиси една четвртина.
Се најавува дека и Фолксваген поради заштеди ќе ги намали инвестициите за речиси 20 милијарди евра, а можни се отпуштања и во одделот за истражување и развој, пренесува Bild.