Забава
Кели се прости од Бренда со емотивна објава: Џени Гарт откри каков однос имале таа и Шенон Доерти
Актерката Џени Гарт, која го толкуваше ликот на Кели Тејлор во „Беверли Хилс 90210“, се прости од својата колешка Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда Волш.
Иако беа ривали во серијата поради Дилан Мекеј (го играше Лук Пери во серијата „Беверли Хилс 90210“), во реалниот живот имаа добри односи.
Џени Гарт се огласи на „Инстаграм“ со емотивна објава.
View this post on Instagram
„Сè уште ја обработувам мојата огромна тага поради загубата на мојата долгогодишна пријателка Шенон, жена што често ја опишував како една од најсилните луѓе што некогаш сум ги познавала. Нашата врска беше вистинска и искрена. Многу често бевме спротивставени една со друга, но ништо од тоа не ја отсликуваше вистината на нашата врска, која беше изградена на заемна почит и восхит. Таа беше храбра, страсна, решителна и многу сакана и дарежлива. Ќе ми недостига и секогаш ќе ја негувам длабоко во моето срце и во сеќавањата. Срцето ми се кине за нејзиното семејство и Боуви и за сите луѓе што ја сакаа“, напиша Џени Гарт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

