Забава
„Проклетството на серијата ‘Беверли Хилс’“: двајца од најомилените ликови починаа прерано, а другите ги снајде ужасна судбина
Веста за смртта на актерката Шенон Доерти, која ја загуби битката со ракот на 53 години, ги растажи фановите на култната серија од деведесеттите, „Беверли Хилс“. Шенон минатата година изјави дека подготвила сѐ за својот погреб и дека веќе се поздравила со пријателите и со мајка си, но сепак до самиот крај се надевала дека ќе ѝ биде подобро.

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од омилената ТВ-двојка Бренда и Дилан, кои ги играа Шенон Доаерти и Лук Пери. Покрај нивните заеднички фотографии, фановите напишаа дека тие двајца, конечно, се повторно заедно, а ретко кој ја забележа морничавата и тажна случајност на судбината.
Многумина се сетија на наводното проклетство на серијата „Беверли Хилс“ за која се зборува со години, особено кога почнаа да се појавуваат несреќи во животот на главните актери.
Смртта на Лук Пери

Со улогата на Дилан Мекеј, Пери стекна голема популарност кај женската публика, а неговиот лик стана феномен на поп-културата, исто како и неговите колеги од серијата.
„Беверли Хилс 90210“, освен слава и популарност, му донесе улоги во многубројни други проекти, како „Бафи, убиецот на вампири“, „Петтиот елемент“, „Оз“ и „Ривердејл“. Во времето кога почина, тој доживуваше телевизиска ренесанса на својата кариера со „Ривердејл“, како и улога во хит-филмот на Квентин Тарантино, Once Upon a Time.
Неговото семејство ја потврди смртта неколку дена откога тој доживеа мозочен удар, беше хоспитализиран и помина неколку дена во кома. Со него во последните моменти беа и неговата свршеница Венди Медисон Бауер, како и децата Џек и Софи. По неговата прерана смрт, продуцентите на „Ривердејл“ изјавија дека Лук бил „татковска фигура и ментор на младите актери, дарежлив и полн со љубов и добрина кон сите“.
Шенон и нејзината битка со ракот на дојката

Шенон Доерти со години се бореше со ракот на дојката, кој ѝ се врати во 2019 година во четвртата терминална фаза.
„Не сакам да се однесувам како да умирам, не сакам да ги пречкртам работите од списокот со обврски затоа што сакам да се борам и да останам жива. Луѓето често се сметаат за отпишани кога ќе добијат дијагноза на рак во четврта фаза, како да се разбира дека не се способни за работа, но тоа не е точно. Посакувам луѓето да престанат да прават претпоставки и да ни дадат шанса да им докажеме дека грешат“, рече Шенон во претходното интервју.
Неколку години подоцна, поточно во 2022 година, таа изјави дека веќе подготвила облека за својот погреб. Сепак, таа до самиот крај се бореше да ја победи опасната болест.
Тори Спелинг – љубовен и финансиски колапс
View this post on Instagram
Шенон и Лук секако ги имаа најтешките судбини, а остатокот од актерската екипа се соочи со финансиски тешкотии и конфликти со законот, повеќекратни разводи, битки за старателство и сериозни сообраќајни несреќи, како и здравствени проблеми.
Тори Спелинг имаше големи финансиски проблеми, иако пораснала богато и по смртта на својот татко (Арон Спелинг) доби наследство. Заедно со сопругот Дин Мекдермот, со кој имала афера додека сè уште била во брак со првиот сопруг, паднала во огромни долгови, кои траат откога се венчале.
Таа е во брак со Дин од 2006 година, а неодамна открија дека се разведуваат по многубројни турбуленции и пет деца.
Во 2013 година Дин бил фатен во прељубничка афера, но Тори сепак одлучила да останат заедно. Потоа тој побарал помош во клиника за зависност од секс.
Зависноста од алкохол на Џејсон
View this post on Instagram
Џејсон Престли, кој го играше братот на Шенон Доерти во серијата „Беверли Хилс 90210“, имаше проблеми со алкохолот за време на серијата.
Џени долго ги криеше здравствените проблеми, Брајан го остави сопругата
View this post on Instagram
Џени Грат, популарната Кели од серијата, имаше здравствени проблеми, кои долго време ги криеше од јавноста. Немаше многу среќа во љубовта, па помина низ два развода, а моментно е во третиот брак со Дејв Абрамс за кого се омажи во 2015 година.

Брајан Остин Грин имаше проблеми со старателството над својот син по раскинувањето со Ванеса Марсил. Во бракот со актерката Меган Фокс има три деца, а иако се разделија во 2015 година, на крајот на истата година се смирија. Парот, конечно, се раздели во 2019 година, а во моментот и двајцата се во нови врски.
Јан Зиринг немал најсреќен љубовен живот. Зад себе има два пропаднати брака, а од втората сопруга Ерин Лдувих се разведе во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

