Свет
Првото интервју на Трамп по атентатот: „Мора да умреш за да имаш култна фотографија“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во неговото прво интервју откако преживеа обид за атентат, рече дека го изменил својот говор за претстојната републиканска национална конвенција по нападот.
„Не требаше да бидам овде, требаше да бидам мртов“, рече тој во интервју за Њујорк Пост и Вашингтон Егзаминер.
Во разговор за конзервативните таблоиди додека патувал со приватен авион од Њу Џерси до Милвоки, Висконсин, поранешниот претседател го опиша моментот кога беше застрелан од вооружен маж на предизборен митинг во Пенсилванија.
Трамп носел бел завој што му го покривал увото прободено со куршум, иако неговиот тим инсистирал да не се фотографира, објавија медиумите. Тој открил и модринка на подлактицата што ја добил кога агентите на Тајната служба го собориле на земја.
Додаде дека агентите го удриле толку силно што му ги соблекле чевлите. На снимката од пукањето се слуша како Трамп им вели на агентите: „Почекајте, сакам да си ги земам чевлите“.
Куршумот бил оддалечен само неколку сантиметри од тоа да го убие, а поранешниот претседател ја свртел главата надесно непосредно пред истрелот. Тоа веројатно го спасило.
„Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес“, рече тој.
По пукањето, тој го укина својот првичен говор на конвенцијата, кој требаше да се фокусира на претседателот Џо Бајден и политиката на неговата администрација, а сега ќе се фокусира на обединување на нацијата. Трамп го гледа својот нов говор како „шанса да ја собере целата земја, дури и целиот свет“, рече тој.
Трамп рече дека неговиот телефонски разговор со Бајден по пукањето бил добар и дека претседателот бил „многу драг“. Тој, исто така, тврдеше дека Бајден размислувал да му нареди на Министерството за правда да се откаже од двете кривични гонења против него.
Му се заблагодари на Бога што преживеа. Осомничениот атентатор, идентификуван како 20-годишниот Томас Метју Крукс, уби еден учесник на митингот и рани двајца други. Трамп им кажа на своите помошници дека сака да ги повика семејствата на жртвите и да ги посети хоспитализираните преживеани.
Трамп, исто така, ја коментираше сега познатата фотографија на која ја крева тупаницата додека крвта му капе по лицето, велејќи за Пост: „Обично треба да умрете за да имате култна фотографија“, рече тој.
„Енергијата што дојде од луѓето таму во тој момент, тешко е да се опише…Но знаев дека светот гледа“, рече Трамп.
„Знаев дека историјата ќе суди“, додаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025
Свет
Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со Зеленски
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК.
Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида.
Средбата е закажана за 15 часот по локално време и ќе биде посветена на напорите за прекин на војната во Украина.

