Свет
Откриено што правел атентаторот на Трамп пред нападот
Четириесет и осум часа пред да отвори оган врз поранешниот претседател Доналд Трамп, 20-годишниот Томас Метју Крукс застанал неколкупати во и околу неговиот приградски град Питсбург.
Во петокот отишол на стрелиштето, во кое бил член и вежбал гаѓање, изјавил полициски извор за Си-ен-ен. Следното утро Крукс отишол во „Хоум депо“, каде што купил скала долга шест метри, како и во продавница за оружје, каде што купил 50 парчиња муниција, рече официјалниот претставник.
Крукс потоа ја возел својата „хјундаи соната“ околу еден час на север придружувајќи им се на илјадниците луѓе од целиот регион, кои се собрале на митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија.
Мотивот сѐ уште не е познат
Тој го паркирал автомобилот со импровизирана експлозивна направа скриена во багажникот, која била поврзана со предавател што го носел, изјави службеникот. Потоа, веруваат истражителите, тој се качил на блиската зграда со помош на својата нова скала и отворил оган врз поранешниот претседател.
Додека инспекторите продолжуваат да бараат мотив зад обидот за атентат, тие внимателно ги испитуваат движењата на Крукс пред нападот и се обидуваат да состават временска рамка за неговите дејства што доведоа до нападот.
Сепак, речиси 48 часа по пукањето, инспекторите се изненадени од недостигот на индиции што ги наоѓаат за начинот на размислување и можните мотиви на Крукс. Дури и откога успешно го хакирале неговиот телефон и му го пребарале компјутерот, ги пребарале неговата историја на пребарување и спалната соба и го интервјуирале неговото семејство и пријателите, агентите сè уште не нашле докази што укажуваат на политички или идеолошки мотив за пукањето, велат полициски извори.
Имаше детонатор со далечински управувач
Наместо тоа, доказите што ги пронајдоа се чини дека покажуваат типични онлајн-активности, вклучително и интерес за програмирање и игри, велат изворите – и тоа иницира повеќе прашања.
Во знак дека неговиот напад можел да биде уште поразорен, Крукс со себе имал детонатор на далечински управувач, а во багажникот на неговиот автомобил имало метална кутија со експлозив, изјавил полициски извор.
Која била целта на експлозивната направа?
Тоа сугерира дека напаѓачот можеби планирал да детонира од далечина, а инспекторите ја разгледуваат теоријата дека можеби планирал да го одвлече вниманието за време на пукањето.
Не е јасно како Крукс ги составил експлозивните направи пронајдени во неговиот автомобил. Инспекторите што ја анализирале неговата историја на пребарување на интернет не пронашле индикации дека истражувал како да прави рачно изработен експлозив, велат полициски извори.
Стрелал со пушката на татко му
Пушката слична на автоматската „АР-15“ со која Крукс пукаше во Трамп била легално купена од неговиот татко Метју Крукс. Таа е една од повеќето од 20-те огнени оружја регистрирани на постариот Крукс, кои се наоѓале во семејната куќа, според записите од полицијата на државата Пенсилванија, прегледани од истражителите. Целото оружје е легално купено.
Вооружениот напаѓач и татко му биле членови на спортскиот клуб „Клаиртон“, клуб за оружје на околу 25 минути возење од неговиот дом. Таму пукале заедно, потврди полицијата. Роб Бутај, адвокатот на клубот, во изјава потврди дека помладиот Крукс бил член.
Клубот, кој има приближно 2.000 члена, има полигон долг речиси 200 метри, според анализата на сателитски снимки на Си-ен-ен.
„Клубот целосно го осудува бесмислениот чин на насилство што се случи“, рече Бутај додавајќи дека не може „да дава дополнителни коментари во врска со нападот во светло на тековната истрага“.
На денот на нападот купил 50 куршуми
Крукс купил 50 куршуми утрото на нападот во „Алегени армс“ и „Ган воркс“, локална продавница за оружје во неговиот роден град Бетел Парк, изјави за Си-ен-ен висок функционер за спроведување на законот. Брус Пиендл, сопственик на продавницата, во изјавата рече дека се благодарни што претседателот Трамп не беше убиен и нивните срца и молитви се за сите жртви на овој ужасен инцидент.
Портпаролот на „Хоум депо“, каде што Крукс ја купи скалата, рече во соопштението дека „го осудува насилството врз поранешниот претседател Трамп“ и додаде: „Нашите мисли се со него и со другите жртви на ужасните настани во саботата и со нивните семејства“.
Родителите на убиецот, кои соработуваат со полицијата од пукањето, им рекле на истражителите дека Крукс изгледа немал пријатели или политички наклонетости, изјави полициски извор за Си-ен-ен. Но, се чини дека тие не знаеле многу за тоа што се случувало во неговиот живот неодамна, велат полициските извори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Преговарачките тимови денес постигнаа значителен напредок
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со својот фински колега Александар Стаб, а фокусот на разговорот беше на преговорите за прекин на војната што Русија ја води против Украина. Зеленски истакна значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, објави Украинска правда.
Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека тој и Стаб разговарале за „контакт со партнерите“ во контекст на мировните преговори.
„Тука во Украина, во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а од денес, нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Многу е постигнато во развојот на потребните безбедносни гаранции, план за закрепнување и економски развој, како и рамковен документ од 20 точки“, објави Зеленски.
Тој додаде дека украинската страна вредно работи за да постигне „заеднички успех за Украина и цела Европа, за Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп, за сите наши партнери низ целиот свет и за глобалниот мир“.
Зеленски особено им се заблагодари на членовите на американскиот преговарачки тим – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – како и на „сите што помагаат“.
Европа
(Фото) Бомба експлодираше на прометна улица во Харков: има загинати и повредени
Руските сили извршија напад со наведувани воздушни бомби врз Харков, погодувајќи градски пат. Во нападот загинаа две лица, а неколку други беа повредени, објави градоначалникот Ихор Терехов, според „Украинска правда“.
Градоначалникот на Харков беше првиот што го пријави нападот на социјалните медиуми. „Харков е нападнат со наведувани воздушни бомби. Експлозии се слушнаа во предградијата и во самиот Харков. Според првичните информации, нападот ја погодил населбата Шевченки. Информациите за последиците од нападот се проверуваат“, напиша Терехов.
🇺🇦🔱 Kharkiv.
ruzzia attacked the city and suburbs with KAB'sIn this area, there are only civilian residential buildings, an educational institution, and no military facilities.
▪️One man was killed on the spot, and another died in an emergency medical vehicle. pic.twitter.com/Bvm6doETcS— Tracey SBUFella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) December 26, 2025
Подоцна, Терехов даде повеќе детали, велејќи дека бомбата погодила „еден од најпрометните патишта во Харков“.
„Неколку автомобили се во пламен, а прозорците во блиските куќи се скршени. Имало луѓе во запалените автомобили“, додаде тој.
Подоцна попладнето, Терехов го потврди бројот на жртви. Според него, едно лице е убиено, а тројца се повредени, од кои едно е во сериозна состојба.
Свет
Поранешниот малезиски премиер доби уште 15 години затвор и казна од 2,8 милијарди долари
Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак беше осуден на дополнителни 15 години затвор и парична казна од 2,8 милијарди долари за злоупотреба на службена должност и перење пари во најголемото судење во скандалот 1MDB.
Малезиските и американските истражители велат дека најмалку 4,5 милијарди долари биле украдени од државниот фонд 1Malaysia Development Berhad (1MDB), кој Наџиб го ко-основаше во 2009 година за време на првата од неговите девет години на власт во земјата од Југоисточна Азија.
Се тврди дека повеќе од 1 милијарда долари завршиле на сметки поврзани со 72-годишниот Наџиб, кој првпат беше затворен во 2022 година во втор случај поврзан со 1MDB. Тој долго време тврдеше дека бил жртвено јагне во најголемиот финансиски скандал во историјата на Малезија.
Судот го прогласи Наџиб за виновен по сите четири точки од обвинението за злоупотреба на службена должност и по сите 21 точки од обвинението за перење пари. Казните ќе течат истовремено и ќе започнат по истекот на неговата тековна казна во 2028 година.
Наџиб се извини минатата година за лошото справување со скандалот, тврдејќи дека службениците на 1MDB и бегалецот финансиер Џо Лоу го довеле во заблуда за потеклото на парите на неговите сметки. Лоу, кој е обвинет во Соединетите Држави за неговата клучна улога во случајот, ги негира обвиненијата и неговото место на живеење е непознато.

