Контакт

Македонија

Тошковски – Бомгартнер: Знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

Објавено пред

Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министерот Тошковски имаше можност да ја презентира програмските цели на новата Влада и приоритетите дефинирани во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои бескомпромисната борба со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби и новата систематизација на работните места, промената на системот за обука, со акцент на континуираните обуки, дигитализацијата на министерството и процесите.

„Точно знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.

Амбасадорот Бомгартнер ја изрази својата увереност во јасните идеи за перспективите на државата, потенцирајќи ја важноста на безбедносните прашања и безбедноста како фундаментално право.

Неговата Екселенција даде силна поддршка во делот за сите потребни обуки на полициските службеници, потсети дека десет француски полициски службеници веќе учествуваат во операцијата на Фронтекс и се грижат за безбедноста на нашата јужна граница и изрази уверување дека взаемната соработка и поддршката ќе продолжат и само ќе се интензивираат.

Скопје

Делови од Чаир без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Славеј Планина, Кримска, Прохор Пчински и Топаанска (општина Чаир).

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Објавено пред

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд во западните и северните делови од земјава.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 26 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните чсови ќе има повремени врнежи од дожд во делови од котлината. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 22 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрони во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење

Објавено пред

Дождот, кој со различен интензитет врне деновиве, во дебарскиот регион предизвикува помали одрони на патиштата во ова подрачје, поради што се препорачува внимателно возење.

dobivaj vesti na viber

„Засега има помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.

Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 часа

(Видео) Поплави во Европа: Во Полска пукна брана, настрада едно лице

Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа, а ситуацијата сега е на критично ниво. Браната во југозападна Полска попушти под...

Свет18 часа

(Видео) Критично во Австрија: Поплавен автопат, улиците во Виена под вода, спасувачите на терен

Поради поплави предизвикани од обилните дождови, илјадници луѓе денеска се евакуирани во Чешка, Полска и долна Австрија, која е прогласена...

Македонија20 часа

Кузеска: Бугарија избришa под со државата и македонските граѓани

Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги поткопува, како што велат, стабилните меѓународни позиции што ги изградило претходното раководство....

Македонија21 час

(Видео) Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клиники и здравствени домови, одговорност ќе има

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСM и ДУИ...

Топ23 часа

Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож

Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември. Според информациите...

Свет24 часа

Шолц: Не и’ даваме моќни ракети на Украина дури и ако тоа го направат другите земји

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста за испорака на прецизно оружје со долг дострел на Украина во иднина, без...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со силен ветер во југозападните делови

Времето денес ќе биде посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови....

Македонија2 дена

Формирано одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на...

Македонија2 дена

Кабинетот на Сиљановска ќе побара објаснување од Радев за знамето

Реакции во земјава предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија, каде...

Топ2 дена

Стара измама, нови жртви: Не наседнувајте ако добиете повик дека ваш близок предизвикал сообраќајка и ви бараат пари

Повторно активна измамата со лажните сообраќајни несреќи. Нови жртви се двајца пензионери, а по измамниците се трага. Измамникот вели дека...

Свет2 дена

Поплави во Европа: Во Романија има мртви, во Чешка стотици евакуирани

Во Европа беснеат поплави, а веќе има и жртви. Пет лица загинаа во источна Романија, а десетици останаа заглавени во...

Македонија2 дена

(Видео) Директорите од СДСМ и ДУИ во болниците набавувале лекови кои не се на листата на ФЗО, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Здравството со СДСМ и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста, изјави пратеникот...

Македонија2 дена

Четворица битолчани и една фирма предизвикале пожари во Битола, полицијата поднесе кривични пријави

Битолската полиција до Обвинителството поднесе пет кривични пријави против четири лица и една фирма по член 288 од КЗ за...

Македонија2 дена

Заврши јавниот повик за проекти за општините, ќе бидат доделени 250 милиони евра

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Од...

Свет2 дена

Астронаутите кои останаа заглавени во вселената се обратија до јавноста: „Не се чувствуваме изневерени“

Двајцата астронаути на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, кои ќе останат во вселената до 2025 година, рекоа дека е...

Регион3 дена

(Видео) Снимен драматичниот момент од авионската несреќа во Бугарија: авионот веднаш се запали, две лица загинаа

Во воздухопловната база Граф Игнатиево во Бугарија денеска се случи катастрофа кога за време на изведување на многу тежок маневар...

Македонија3 дена

Времето утре: Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен...

Македонија3 дена

(Видео) Сиљановска: Да сум апсолутен монарх можам да кажам ќе го сменам Уставот, јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не зависи од мене. Да сум апсолутен монарх, можам да кажам ќе...

Македонија3 дена

„Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители“, велат од СДСМ

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа...

Македонија3 дена

Паднаа првите казни: три компании продавале училишен прибор за повисока цена од замрзнатата

Инспекторатот затекна три компании кои не ја почитувале одлуката за замрзнување на цените на училишниот прибор. Првата компанија е трговец...