Свет
„Форбс“: Русија загуби 300 возила обидувајќи се да освои само еден украински град

Кога Русите успеаја да го окупираат она што остана од Авдиивка во средината на април, тие ја окупираа и Новомихаиливка. Русите скапо ја платија таа прва победа, но само во апсолутни бројки. Со оглед на релативниот обем на борбите, шестмесечната битка за Новомихаиливка била еднакво крвава.
Процените се разкивуваат, но можно е Русите да изгубиле повеќе од 40.000 војници за време на нападот на Авдиивка – третина биле убиени, а другите биле ранети.
„Тие изгубија повеќе од 300 возила околу Новомихаливка, вели украинскиот пилот на беспилотно летало, со кодно име Кригсфоршер. Тоа сугерира дека човечките загуби (бројот на ранети и загинати) биле околу 13 илјади, пишува „Форбс“.
„Кога Русите ја нападнаа Авдиивка со десетици бригади и одреди на почетокот на октомври, целото наше внимание беше таму“, се сеќава Кригсфоршер. „Но, имаше уште една голема битка што се одвиваше. Седум руски одреди и бригади, вклучувајќи ја и несреќната 155., го нападнаа украинскиот гарнизон во Новомихаиливка, кој се состоеше од две активни бригади.
Борбата беше безмилосна. Во долгите објави на социјалните мрежи Кригсфоршер ги детализира загубите на руските тенкови, кои вклучуваат Т-54 од 50-тите, Т-62 од 60-тите и малку поновите тенкови Т-72 и Т-80. Украинците уништија десетици тенкови со мини, артилерија и беспилотни летала, но Русите продолжија да напаѓаат. Еден Т-80 помина дури девет мини пред конечно да биде сопрен.
Големите загуби што Украинците им ги нанесоа на Русите успеаја да го одложат, но не и да го спречат падот на градот во средината на април.
Како и бранителите на Авдиивка, на Украинците во Новомихаиливка очајно им недостигаа артилерија и противтенковски проектили најмногу поради тоа што проруските републиканци во американскиот Конгрес го блокираа испраќањето дополнителна воена помош за Украина шест месеци. Таа блокада, конечно, заврши токму кога руските трупи почнаа да навлегуваат во Новомихаиливка.
Во месеците по окупацијата на градот, Русите продолжија да напаѓаат на север, запад и на југ, но со многу помал успех бидејќи американското оружје, конечно, почна повторно да пристигнува на фронтот. Украинските сили одбиле напад јужно од уништениот град на 2 јули, соопшти украинскиот Центар за одбранбени стратегии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта