Забава
Мајка ѝ ја чуваше вистината од неа: како ќерката на познат рокер откри кој ѝ е татко
Пејачката и актерка Лив Тајлер на почетокот на јули го прослави својот 47. роденден. Светската слава ја постигна со улогите во трилогијата „Армагедон“ и „Господарот на прстените“. Таа е ќерка на пејачот на рок-групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер, и поранешниот модел и музичар, Бебе Буел.
До својата 10. или 11. година Лив живееше во верувањето дека нејзин татко е рок-музичарот Тод Рундгрен. Имено, мајка ѝ била во врска со Тод од 1972 до 1979 година. Меѓутоа, во 1976 година таа забременила во кратка и минлива врска што ја имала со Стивен Тајлер. Таа се породила во 1977 година и ѝ го дала името Лив Рундгрен. Тврдела дека Тод Рундгрен бил биолошкиот татко бидејќи Тајлер имал проблеми со зависноста.
View this post on Instagram
Лив изјави за списанието „Пипл“ во 1992 година: „Тод е мојот духовен татко. Го сакам“. Дотогаш, Рундгрен и Буел ја прекинаа својата врска, но Рундгрен сепак го потпиша изводот на родените и се однесуваше како татко на Лив и плати за нејзиното образование.
Лив го запозна Стивен Тајлер во 1987 година и виде голема физичка сличност меѓу него и неа. Кога ја прашала мајка си, тајната била откриена. Вистината за татковството на Тајлер стана јавна дури во 1991 година кога таа го промени презимето од Рундгрен во Тајлер, но го задржа Рундгрен како средно име.
View this post on Instagram
По дознавањето на вистината за татковството, Лив и Стивен развија блиски односи. Тие соработуваа и професионално, еднаш кога таа се појави во спотот на „Аеросмит“ за песната „Крејзи“ во 1993 година и другиот пат кога „Аеросмит“ ги изведе песните во филмот „Армагедон“ (1998), во кој глумеше Лив.
Тајлер сè уште одржува блиски односи со Рундгрен.
„Многу сум му благодарна, имам толку многу љубов кон него. Знаете, кога ме прегрнува, се чувствувам како да ми е татко. А тој е многу заштитнички и силен“, изјави таа во една пригода за странските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Софија Вергара фотографирана во деколтиран фустан за време на прошетка
Колумбиската актерка Софија Вергара е позната како една од најубавите жени на светот, а тоа го докажуваат и најновите папарацо-фотографии, на кои актерката е фатена опуштена.
Оваа 52-годишна актерка е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во друштво на колешката Полин Давила.
Актерките беа добро расположени по ручекот во Беверли Хилс.
Софија го привлече вниманието во едноставен фустан со леопард-принт, во кој го истакна деколтето, а се комплетира со бела чанта, патики и природна шминка.
Забава
(Видео) Хајди Клум се појави во ризичен фустан на забавата по доделувањето на наградите „Еми“
По доделувањето на наградите „Еми“, се одржа традиционалната забава, на која се собраа многубројни ѕвезди од филмската и забавната индустрија.
View this post on Instagram
Германската манекенка Хајди Клум го привлече вниманието во тесен црн фустан, без ракави, со изрези и светки.
View this post on Instagram
Фустанот ги истакна нејзиното бујно деколте и совршената фигура, а 51-годишната манекенка спремно им позира на насобраните фотографи.
View this post on Instagram
Оваа германска убавица со децении е позната како една од најуспешните манекенки, а љубовта кон манекенството ѝ ја пренесе и на ќерката Лена.
Забава
Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан
Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што мајка ѝ, легендарната Синди Крафорд, го носеше на „Оскарите“ во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетира со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“, во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за „Вог“ изјави дека Каја ѝ испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година Синди се прошета на црвениот тепих со својот тогашен сопруг Ричард Гир, а Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.