Црна хроника
Во болница возачот на автобусот на ЈСП што вчера се запали кај Железничка станица, вдишал чад
Возачот на автобусот што вчера се запали во Транспортниот центар Скопје, кај Железничката станица вдишал чад и бил бил пренесен в болница.
„Во Транспортниот центар – Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје. Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники ’Мајка Тереза’. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.
Пренесен е во приватна болница за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.