Забава
Со брзина на светината распродадени обетките со кои Кејт Мидлтон се појави на Вимблдон

Кејт Мидлтон воодушеви со својот изглед на Вимблдон, а за тоа сѐ уште се зборува. Сега централна тема се нејзините едноставни, но префинети обетки. Овие обетки се производ на британскиот бренд By Pariah. Изработени се од сребро со позлата од 14 карати. Овие обетки се распродадени со брзина на светлината и моментно се достапни само со претходна нарачка, а цената им е 726 евра.
Златото и среброто што се користат при изработката на обетките се рециклираат. Обетките се со клип, односно не треба да имате дупчиња на уштие за да ги носите.
By Pariah е британски бренд за накит, кој комбинира богати органски материјали и традиционални техники на производство. Името на брендот е инспирирано од напис на „Нешнл џиографикс“, кој ги опишува деловите на Парија на Карибите како последна граница на природна убавина.
Секое парче накит е направено од 100 % рециклирано 14-каратно злато или сребро и природни, необработени скапоцени и полускапоцени камења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Почина 27-годишна австралиска манекенка со хрватско потекло: од неа се прости и Донатела Версаче

Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и на меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за Версаче и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Учествувала и во популарното телевизиско шоу Australia’s Next Top Model.
Со години таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (АВМ), заплеткување на крвните садови во мозокот, што може сериозно да ја загрози функцијата на мозокот.
„Почитувани пријатели и семејство, со жалење мораме да ве информираме дека Луси почина. Таа почина мирно. Јас, мајка ѝ и мајка ми бевме со неа. Во овие моменти ве молиме да ни дадете простор, Луси нека почива во мир“, порачаа членовите на нејзиното семејство.
Од неа се простија и модната агенција на Луси и познатата дизајнерка Донатела Версаче. „Таа беше како светкава светлина, со одлична смисла за хумор. Сакаше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, се вели во соопштението на Elite NYC. „Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасна девојко“, напиша Донатела Версаче.
Марковиќ минатиот месец на социјалните мрежи ја сподели веста дека оди на операција на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни настапи.
Забава
Не заминуваат и не вртат грб: ги сакате овие три верни хороскопски знаци во вашиот живот

Сè се менува во животот. Луѓето доаѓаат и си одат, околностите се менуваат, а ветувањата честопати се забораваат побрзо отколку што се даваат. Но, постојат оние ретки, посебни луѓе кои остануваат. Луѓе кои стојат покрај тебе дури и кога не си во право, кои те бранат кога никој друг не го прави тоа и кои никогаш, ама баш никогаш не те изневеруваат.
Ако веруваме во астрологијата, некои хороскопски знаци едноставно се родени за да бидат верни до крај. Кои се овие чувари на врската, емоционални штитови и пријатели кои би сакале да ги имате покрај себе во секоја животна бура?
Бик
Бикот не влегува лесно во врските, но штом ќе пуштат некого во нивниот свет, тоа е засекогаш. Неговата посветеност не е гласна или драматична – таа е тивка, стабилна и непоколеблива. Можеби нема да зборува за тоа колку му значите секој ден, но тоа ќе го покаже со своите постапки.
Ако некој Бик ве сака, тој ќе застане покрај вас дури и кога сите ќе заминат. Не сака промени, не сака изневерување и не заборава лесно – па ни луѓето што ги сака. Иако е тврдоглав, Бикот е верен токму поради тоа – кога ќе одлучи дека му е грижа, се држи до тоа. До крај.
Рак
Ракот е знак за кој врските се сè. Семејството, пријателите, партнерите – секој е под неговото заштитно крило. Тој не само што ќе ве сака, туку и ќе се грижи за вас како да сте најскапоценото суштество на светот. И таму нема место за предавство.
Раковите се интуитивни и длабоко емотивни, па нивната лојалност произлегува од чувството на припадност. Ако им го скршиш срцето, ќе страдаат, но и тогаш нема да зборуваат лошо за тебе. Нивната лојалност оди рака под рака со емпатијата, а ако ги имате покрај себе, знајте дека имате чувар кој не се откажува лесно.
Јарец
Ладен и воздржан на почетокот, Јарецот можеби не изгледа како некој што ќе ви биде рамо за плачење. Но, кога ќе се врзе, ќе се врзе одговорно, сериозно и долгорочно. За него не се работи за емоции кои брзо исчезнуваат, туку за принципи и силни верувања.
Јарецот не изневерува, затоа што не си дозволува. Тој го држи својот збор, својата лојалност и луѓето на кои може да се потпре – и за возврат, тој станува некој на кој секогаш можете да се потпрете. Во кризни ситуации не паничи, не заминува и не врти грб. Тој останува. И тоа функционира.
Забава
Ерик Дејн откри дека боледува од неизлечива болест: Ве молиме за приватност

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата Grey’s Anatomy, откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза.
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно ве молам да ми дозволите мене и на моето семејство малку приватност“, изјави тој за магазинот „Пипл“.
Амиотрофична латерална склероза е невролошко заболување, кое доведува до постепено губење на контролата на мускулите и во моментот нема лек за тоа.
Актерот исто така потврди дека следната недела ќе почне со снимање на третата сезона на „Еуфорија“ на Ејч-би0-о, каде што го игра ликот Кал Џејкобс.
Дејн неодамна откри дека тој и неговата сопруга Ребека Гејхарт одлучиле да се откажат од разводот. Двојката се венча во 2004 година, а Гејхарт поднесе барање за развод во февруари 2018 година.
Подоцна, сепак, тие решија да ѝ дадат нова шанса на својата врска. Заедно имаат две ќерки – Били (15) и Џорџија (13).