Култура
Македонскиот стрип на колонија во Рашка, Србија
Во туристичкиот комплекс во село Семетеш во соседна Србија од сабота 27 .07 до среда 31.07 ќе се одржува 12. Меѓународната стрип-колонија „Рашка 2023“, каде преку Стрип Центарот на Македонија-Велес ќе присуствуваат Ангела Петрушевска –млада и талентирана стрип авторка од Скопје и Томе Трајков-програм координатор на организацијата. На оваа стрип колонија ќе учествуваат и млади од стрип училиштата од Србија: од Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград , Сомбор и Крагуевац.
Томе Трајков го нагласува повеќегодишното учество на македонски автори на оваа стрип колонија коешто датира од 2015 г се продолжува повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац“ од Рашка.Македонија е единствена поканета земја надвор од српското јазично подрачје
Како што појасни тој треба да се направи паралела помегу стрип колонијата во Рашка, Србија и таа во Велес којашто е дел од Интернационалниот стрип салон-најзначајниот стрип настан во Македонија.Конкретно Стрип колонијата во Велес започна да се организира од 2018 година. Разликата помеѓу овие две стрип колонии е што учесниците таму не се обврзани да ги завршат стриповите (како овде). Но, на колонијата во Рашка се организираат предавања, промоции ,менторска поддршка и слично.,,завршува Трајков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Премиера на „Смртта на еден човек на Балканот“ во Домот на културата во Кавадарци

Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, вечерва, со почеток од 20 часот, премиерно ќе ја одигра претставата „Смртта на еден човек на Балканот“, работена според текст на Мирослав Марјановиќ. Преводот, адаптацијата и режијата се на Александар Малинков
Претставата е црна комедија која ја истражува рамнодушноста и апсурдот на современото општество преку приказната за човек кој извршува самоубиство во својот стан. Наместо сочуство, настанот предизвикува… Проверете сами и уживајте!
Играат: Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Сузана Димова, Елена Илова, Благица Боцева, Сашко Орешков, Никола Колев Зезо, Томе Атанасов, Петар Јованов, Драган Кабранов, Александар Видиков, Цветанка Прочков, Слободан Прочков и Александар Малинков.
Камера/тон/светло – Пепи Ангелов; Инспициент – Марјан Тодоровски; Сценска изведба – Тони Туриманџов; Соработник на сценографија/плакат – Билјана Соколова Тодоровска; Гардеробер/реквизитер – Благица Илиева.
Првите репризи се закажани за 29 и 30 октомври 2025 од 20 часот. Во меѓувреме, претставата доби покана за учество на In Vinica Veritas, кој традиционално се оддржува секоја година во Виница. Пред фестивалската публика во Виница, кавадаречкиот Театар со претствата “Смртта на еден човек на Балканот“ ќе настапи во сабота, на 25 октомври 2025.
Култура
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 часот.
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска, Драган Ампов(25.10.)/Кристијан Антовски(28.10.), Невен Силјановски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.
Култура
Избран изведувач за изградба на Универзална сала

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Во саботата беше донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“.
По завршување на законските рокови за доделување на договорот, ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следи официјалното започнување на градежните активности.
Рокот за реализација на проектот е предвиден до декември 2027 година. Набавката се реализира по принципот Клуч на рака, што значи дека во предвидениот рок објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување на концерти, настани и други културни содржини.
Потсетуваме дека, по преземањето на објектот на Универзална сала од Градот Скопје, а особено по настанатиот пожар, Министерството за култура и туризам спроведе низа активности со цел успешна реализација на проектот за нејзина реконструкција.
Како дел од овие активности, Министерството преку измени и дополнувања на проектната документација преземена од Градот Скопје, обезбеди целосно нова проектна документација на ниво на основен проект за реконструкција на Универзална сала.
Овој проект беше претставен пред македонската јавност, а со неговата реализација ќе се зачува споменот и колективната меморија за објектот, а воедно ќе му се даде и нов, современ и повеќенаменски карактер.
Манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ покрај во останатите објекти од областа на културата во градот ќе се одвива и во обновената Универзална сала, која повторно ќе стане едно од омилените места за културни настани и собири на граѓаните.