Македонија
СДСМ: Божиновска и Мицкоски кријат за долгот од 1 милион евра кон МЕСПО, дали е вратен или не
Втор ден молк на Божиновска и Мицкоски откако СДСМ го објави скандалот дека преку своја фирма, Сања Божиновска, останала должна на државната МЕПСО речиси 1 милион евра. Молкот и јаловите обиди за пренасочување на темата на ВМРО-ДПМНЕ се најдобар доказ дека се што објави СДСМ е вистина и базирано на факти, велат од СДСМ утрово преку соопштение.
„Молчи и Христијан Мицкоски, човекот кој ја постави на позицијата и кој во рацете и го даде целиот енергетски сектор правејќи и министерство за енергетика.
Пред да продолжиме со објавување на скандалот и даваме можност на Божиновска да излезе и јавно да каже, каде се еден милион евра? Дали се вратени или не?
Според наштите податоци фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите што значи долгот останал. Ако е така мора итно да поднесе оставка.
Понатаму, според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата. Дали со овие пари набавила дел од недвижностите и становите?
Божиновска во кулоарите важи за блиска бизнис соработничка на Мицкоски во енергетиката, па прашуваме, какви бизниси сега планираат тие двајцата? Ова ли ќе биде начинот на работа, преку испумпување пари од државни компании? Која е вистинската причина зошто Божиновска е министерка мора да одговори Мицкоски, овде нема случајности.
СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото министерство за енергетика.
Божиновска не смее да остане министер, ризикот од слични случаеви во иднина е голем“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

