Македонија
Мисајловски ѝ се заблагодари на Унгарија за поддршката за НАТО, пандемијата, поплавите и членството во ЕУ
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, и со одбранбениот аташе, потполковникот Ласло Надаш.
„Благодарност до Унгарија, која беше наш голем поддржувач за членството во НАТО, која ни помогна кога се соочивме со пандемијата на Ковид-19, мигрантската криза, поплавите и држава што ни дава поддршка за почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, рече министерот Мисајловски и додаде дека секоја помош за наш развој во насока на остварување на втората стратешка цел – членство на ЕУ – е добредојдена.
Амбасадорот Клајн даде уверување дека Унгарија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја, политички и советодавно за време на пристапниот процес.
На средбата се разговараше и за безбедносната состојба во Европа и пошироко, при што министерот Мисајловски нагласи дека остануваме на определбата активно да партиципираме во промоцијата на мирот и безбедноста преку одбранбените иницијативи на ЕУ, кои ќе придонесат за зајакнување на глобалната и трансатлантска безбедност.
Од страна на соговорниците беше разговарано за зајакнување на одбранбената соработка, која би опфаќала заеднички обуки и вежби, користење на нашите регионални капацитети, АП „Криволак“, Регионалниот центар за односи со јавноста, Воено-медицинскиот центар, обука и едукација во центрите за обука во Унгарија, експертски средби во повеќе области итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

