Македонија
СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците и војниците за гаснењето пожари
СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, и сите кои учествуваа во гасењето пожари.
Пратеникот Оливер Спасовски, на денешната расправа на комисијата за носење на буџет, изјави дека се наоѓаме во период на сериозни пожари во државата, а се вклучени противпожарните бригади, полициски службеници и армиски припадници, и затоа е потребно е да им се дадат соодветни награди на сите кои учествуваат во гаснењето на пожарите.
„Сега треба да имаме заеднички пристап кон оваа ситуација, и тука не треба ниту да полемизираме, ниту пак да ја злоупотребуваме ситуацијата за политички цели. Сега кога имаме прогласено кризна состојба во државата, а сè уште беснеат пожарите, само вчера имавме пожари на 12 населени места, а ја имаме за жал и првата жртва, она што треба да го направиме како Собрание, е да помогнеме. Ние како пратеничка група на СДСМ, стоиме на располагање, за што и да треба дополнително, за ефикасна борба со пожарите“, рече Спасовски.
Тој потенцираше и дека пратеничката група на СДСМ има поднесено и законски текст кој се однесува на посебните права на припадниците на безбедносните сили, закон за оштета на сите припадници на безбедносните сили, загинатите припадници, на нивните семејства, кои во 2001 година го загубија својот живот.
– Но ова се однесува и на сите оние кои подоцна го загубиле животот, како припадниците на МВР и припадниците на одбраната, и во кумановските настани, како и во хеликоптерските несреќи кај Блаце, и кај Струмица.
Со закон за изменувања на права на припадниците на безбедносните сили да се обезбедат финансиски средства за да ги исплатиме сите овие семејства, нивните наследници и на овој начин да се затвори ова прашање кое подолго стои во македонското општество“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

