Македонија
ЗНАМ реагира: Без Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, Македонија денес ќе беше Јужна бановина
Спомнувањето на имињата на претседателите Киро Глигоров и Бранко Црвенковски во негативен контекст на македонската историја е во најмала рака непримерно. Тие се политичари што воспоставија политички вредносни критериуми во Македонија и без нивната улога, Македонија денеска ќе беше Јужна бановина во склоп на некоја друга држава. Вака политичката партија ЗНАМ реагира на соопштението на политичката партија Левица, која го нарече новоизбраниот директор на прилепскиот затвор, Емил Јанески, аболиран бранковист.
Од ЗНАМ велат дека е точно оти Глигоров и Црвенковски беа дел од некогашната државотворна СДСМ, која денеска е заробена партија и претворена во семејна партија на Зоран Заев.
„За разлика од државотворните политичари, кон кои ЗНАМ има исклучителна почит, новопечените политичари од Левицата на народот не му нудат ништо, освен сувопарни идеолошки фрази цитирани од старите учебници по марксизам. Ако мислат дека тоа е идеологија, длабоко се излажале“, велат од ЗНАМ.
Додаваат дека предложените кадри од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за носители на јавни функции се чесни и стручни луѓе, кои ги исполнуваат сите законски норми и критериуми за извршување на функциите за кои се номинирани или избрани, вклучувајќи го и Јанески како директор на прилепскиот затвор.
„Господинот Јанески ја извршуваше функцијата директор на ЈКП ‘Водовод и канализација’ – Прилеп во периодот 2017 – 2021 со исклучително добри резултати за што говорат позитивните извештаи од ревизијата на финансиското работење на претпријатието. Ги повикуваме господата од Левицата, ако имаат индиции дека новоименуваниот директор на КПД – Прилеп не ги исполнува условите за оваа функција, да поведат постапка пред надлежните институции во државата, во спротивно јавноста ќе смета дека се работи за евтина дискредитација на личноста“, велат од ЗНАМ.
Се додава дека ако Левицата продолжи со непристојниот вокабулар, нарекувајќи ги членовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија криминалци, ќе следуваат соодветни постапки за клевета пред надлежните судови во Македонија.
„Наша препорака до Левицата е да си го преиспитаат политичкото дејствување, од една страна, ја критикуваат владината коалиција, што е во ред, но од друга, продолжува нивната соработка на локално ниво со истата коалиција и нивното учество во управните одбори на сите локални јавни претпријатија и да ги уживаат бенефициите од локалната власт“, се додава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи“, велат од СДСМ
„Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, велат од СДСМ.
„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани.
Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, соопшти СДСМ.
Македонија
Фактот што Македонија е ставена на иста листа со Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал, смета Македонски концепт
Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион, ваквото нарушување на односите со клучниот стратешки сојузник значи институционална изолација, економска несигурност и директно слабеење на националната безбедност, велат од Македонски концепт.
Според нив, фактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал.
„Тоа не е случајност, туку последица на долгогодишна толеранција, па дури и институционална пасивност кон два опасни феномени: растечкиот верски радикализам на македонска територија и широко распространетото прокомунистичко и антизападно однесување и наратив во јавниот простор“, велат од Македонски концепт.
Од таму велат дека овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО, на западната цивилизација и на принципите врз кои се темели стратешкото партнерство со САД.
„Потребни се итни, проактивни и недвосмислени државни мерки, без калкулации и без идеолошки страв: забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции, во име на безбедноста, секуларноста и јавниот ред; донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам и донесување закон за забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство, како идеологија која историски и суштински е спротивна на слободата, демократијата и западниот вредносен систем“, се наведува во соопштението.
Паралелно со внатрешните реформи, велат од Македонски концепт, Република Македонија мора да упати формален и аргументиран приговор до Соединетите Американски Држави за штетите предизвикани со ставањето на земјата на ваква листа.
„Како полноправна членка на НАТО, Македонија има право да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со јасно барање истиот да се почитува и земјата веднаш да биде отстранета од таа листа. Македонија мора да избере, или ќе биде јасен и вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам, идеолошки анахронизам и меѓународна недоверба. Среден пат, нема“, велат од Македонски концепт.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

