Македонија
ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени
Во рамки на својата континуирана соработка со противпожарните единици ширум земјата, ОКТА обезбеди специјална опрема неопходна за гасење на пожари на непристапни терени. Ваква опрема денеска ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, во чија околина во тек е справувањето со еден од најактивните и најголеми пожари кои ја зафатија нашата земја во изминатите неколку денови.
Донираната опремата се состои од специјални противпожарни средства – метални метли и грбни прскалки – кои се користат од страна на пожарникарите при активностите за спречување на ширењето и гасењето на пожари на особено непристапни терени, каде не може да се дејствува со противпожарни возила и друга механизација.
„Како и секогаш досега, така и сега за време на овие пожари, како компанија и секако како пожарникари сме подготвени да ја обезбедиме целокупната наша поддршка, во опрема, експертиза и директен ангажман, при справувањето со огнените стихии. Од искуство знаеме какви потреби имаат нашите колеги од противпожарната единица во Свети Николе, особено при гасењето на пожари на непристапни терени и затоа несебично ја понудивме нашата помош во опрема која ќе им помогне полесно да се справат со актуелниот пожар и сите евентуални вакви предизвици во иднина“, изјави командирот на противпожарната единица на ОКТА, Влатко Панковски, на денешното примопредавање на дел од донираната опрема за противпожарната единица од Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

