Македонија
(Фото) Српските херои повторно помагаат во гаснењето на пожарите: уште еден хеликоптер испратен во Македонија

Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска испрати хеликоптер во Македонија за да помогне во гаснењето на пожарот, пишува српски Телеграф.
„Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со капацитет од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на С.Македонија, Гордана Силјановска Давкова“, се наведува во соопштението.
Инаку, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на македонската Влада, пружила помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации.
„Во изминатите три дена хеликоптерот оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на Долно Ѓуѓанци, кај градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричано“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
Гужви на Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Македонија
Денес сонце и температури до 36 степени

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.