Свет
Палестинец во Израел уби две лица, a рани двајца, беше убиен од полицијата
Вооружен палестинец уби две лица и рани уште две во напад со нож во централен Израел пред да биде застрелан од полицијата, соопштија израелските власти.
Тој ги нападнал за време на утринскиот шпиц во градот Холон, недалеку од Тел Авив. Напаѓачот избол луѓе во близина на бензинска пумпа и парк, соопштија израелските служби за итни случаи.
Двајца постари граѓани, маж и жена, загинаа, а уште две лица итно се пренесени во болница, соопштија медицинските власти.
„Терористот брзо беше неутрализиран од еден од нашите полицајци на местото на настанот и го спречи да изврши уште полош напад“, изјави портпаролот на полицијата Ели Леви за израелскиот Канал 12.
Големи полициски сили се присутни на местото на нападот и вршат опсежни претреси со помош на хеликоптери и дополнителни ресурси“, се вели во полициското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Напад со нож во Ротердам: Има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“
Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам.
Како што пишува „Вашингтон пост“, напаѓачот бил приведен, но и пренесен во болница бидејќи бил ранет.
Исто така, се наведува дека со два ножа нападнал случајни минувачи на улица.
Netherlands: One person dead, several injured in stabbing in #Rotterdam. Suspect shouted "Allahu Akbar". pic.twitter.com/mH7KCqjWC8
— Oo ps (@ps_trump) September 20, 2024
Портпаролот на полицијата Весел Столе изјави дека нападот се случил недалеку од мостот Еразмусбруг.
– Истражуваме кој бил мотивот на нападот. Ги проверуваме сите можни сценарија – рече тој.
Холандскиот дневен весник „Де Телеграф“, повикувајќи се на очевидци на местото на настанот, објави дека маж по случаен избор нападнал луѓе со два ножа додека извикувал „Алаху Акбар“.
Еден случаен минувач го удрил напаѓачот со две палки и успеал да му ги тргне ножевите. Како што сведочел минувачот, прво мислел дека се работи за тепачка, но кога се доближил видел дека напаѓачот држел два ножа и со нив ги прободува минувачите.
Свет
Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот
Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на викендот, според прогнозите на метеоролозите.
Во Унгарија, која се бори со поплави откако циклонот „Борис“ предизвика обилни врнежи во Централна Европа, ситуацијата е најкритична во селото Кисмарош, каде мештаните веќе користат чамци по улиците, додека населението на градот Баја се подготвува за најголемата поплава во последните 11 години, пренесува „Index.hu“.
„Во Будимпешта се очекува бавен раст, водостојот на Дунав ќе се зголеми за педесет сантиметри до сабота навечер, по што реката полека ќе почне да се повлекува“, изјави генералниот директор на националното водостопанство Иштван Ланг.
Тој нагласи дека поплавите се големи и дека одбраната е отежната.
Тој рече и дека просечниот водостој на Дунав е околу педесет сантиметри понизок од нивото на водата за време на поплавите во 2013 година, но дека оптоварувањето на одбранбените линии е сепак многу значајно.
Ланг истакна дека времето за одбрана ќе биде подолго од претходно планираното бидејќи падот на водостојот е побавен од очекуваното.
Унгарија се бори со поплави откако циклонот „Борис“ предизвика обилни врнежи во Централна Европа, јавува Танјуг.
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении погодија делови од Полска, Чешка, Романија, Австрија и Словачка и однесоа најмалку 24 животи.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера се сретна со лидерите на европските земји погодени од поплавите, меѓу кои Полска, Австрија, Чешка и Словачка и вети финансиска помош од Европскиот фонд за солидарност.
Таа изјави дека ЕУ ќе обезбеди уште 10 милијарди евра од кохезиониот фонд поради огромните штети предизвикани од поплавите
Свет
Ал Каеда ја нападна елитната полициска академија во Мали, 70 мртви
Во разработен напад на огранок на Ал Каеда во главниот град на Мали оваа недела загинаа околу 70 луѓе, соопштија денеска дипломатски и безбедносни извори, додека владата не понуди бројки за жртвите.
Милитантите нападнаа елитна полициска академија за обука и аеродром во вторникот, демонстрирајќи ја нивната способност да удрат во срцето на главниот град на Мали. Земјата се бори со бунтот што се вкорени пред повеќе од една деценија на нејзиниот север.
Обемот и сложеноста на нападот дополнително ги поткопува тврдењата на владејачката хунта дека безбедноста е подобрена откако ги истисна француските и американските сили и наместо тоа, се сврте кон Русија за безбедност.
Огранокот на Ал Каеда, Џама Нусрат ул-Ислам ве ал Муслимин (ЈНИМ) ја презеде одговорноста за нападот во вторникот.
Откако избувна конфликтот во Мали, насилството се прошири и на соседите во регионот Сахел и стигна до северот на крајбрежните земји. Илјадници се убиени, а милиони раселени во регионот, а некои борци се поврзани со Ал Каеда или Исламската држава.
Владејачката хунта во Мали соопшти дека претрпела одредени загуби, без да даде детали. Весниците во Мали објавија дека во четвртокот бил одржан погреб на околу 50 полициски кадети.