Македонија
(Видео) Сајкоски: Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината
Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од страна на Општината и ЈП Комуналец – Кичево, соопшти денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.
Во објава на својот Фејсбук профил, тој вели веќе подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде Општината и ЈП Комуналец – Кичево одложуваат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево.
-Еколошка катастрофа во Кичево, веќе подолг период општината и комуналното претпријатие одложуваат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодари, неподносливо станува да се живее. Денес кулминира со пожар кој ја зафати оваа дива депонија направена од страна на општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна општина. Иако како ВМРО-ДПМНЕ апелиравме и пријавуваме, денес се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш, напиша Сајкоски на својот Фејсбук профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

