Свет
Иран ги предупреди пилотите да го избегнуваат воздушниот простор; САД: Очекуваме напад врз Израел
Иран издаде известување до пилотите и авиокомпаниите да го избегнуваат неговиот воздушен простор по постојаните закани на иранските власти за напад на Израел, пишува Волстрит Журнал.
Соопштението на Иран дојде откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен им кажал на министрите за надворешни работи на Г7 вчера во телефонски разговор дека Техеран може да го нападне Израел во рок од 24 до 48 часа, според двајца дипломати запознаени со разговорот.
Блинкен не прецизираше во каква форма може да биде нападот.
Израел вели дека е подготвен, Америка вели дека ќе го брани Израел
Израел соопшти дека е подготвен да се брани и да одговори на секој одмазднички напад. Вашингтон изјави дека ќе помогне во одбраната на Израел. Американските власти соработуваат со нивните меѓународни партнери за да се обидат да ги смират тензиите на Блискиот Исток по предупредувањата на Иран и проиранските милиции дека ќе го нападнат Израел по атентатот на главниот политички лидер на Хамас Исмаил Ханија во Техеран минатата недела.
Известувањето за воздушниот простор на Иран значи дека комерцијалната и цивилната авијација се држат настрана без да се наведат детали за тоа што би можело да следи.
Во 2020 година, Иран собори украински патнички авион, при што загинаа сите 176 луѓе во него, неколку часа откако Америка го уби највисокиот ирански генерал, генерал Касем Сулејмани. Иран го нарече инцидентот ненамерен.
Германската авиокомпанија Луфтханза вчера објави дека ја продолжува суспензијата на сите летови до Техеран, Тел Авив и Бејрут до 12 август.
Израел ја стави својата војска во состојба на готовност додека американските власти работат на подготовка на воени ресурси и регионални партнери за да спречат напад за кој некои стравуваат дека може да биде поширок и покомплексен од нападот во Иран во април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.