Забава
По сообраќајната несреќа, синот на Бред Пит и Анџелина Џоли пуштен од интензивна нега
Пакс Џоли-Пит, синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, успешно закрепна од сообраќајната несреќа и е пуштен од интензивна нега.
Имено, минатата недела тој имаше сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, при што доби повреда на главата, Пакс итно бил префрлен во болница. Лекарите мислеле дека има крвавење во мозокот, а познато е дека се жалел на болки во колкот.
Како што претходно објавија американските медиуми, Пакс возел електричен велосипед на булеварот Лос Фелиз и удрил во автомобил, без да носи кацига. Но, сега неговата состојба е стабилна и затоа е пуштен на домашна нега. Сепак, медиумите пишуваат дека има долг пат до целосно закрепнување со физикална терапија.
Познато е дека Анџелина Џоли цело време била покрај него додека престојувал во болница. Но, изворот тврди дека Бред Пит е уништен од тоа што не е во контакт со својот син и дека не може ништо да направи за него.
„Тој се чувствува целосно немоќен бидејќи не може да направи ништо. Како татко сака да оди во болница или да му се јави. Толку пати се обидел, но децата не му одговараат. Тој е во безизлезна ситуација“, изјави извор близок до Бред Пит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Софија Вергара фотографирана во деколтиран фустан за време на прошетка
Колумбиската актерка Софија Вергара е позната како една од најубавите жени на светот, а тоа го докажуваат и најновите папарацо-фотографии, на кои актерката е фатена опуштена.
Оваа 52-годишна актерка е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во друштво на колешката Полин Давила.
Актерките беа добро расположени по ручекот во Беверли Хилс.
Софија го привлече вниманието во едноставен фустан со леопард-принт, во кој го истакна деколтето, а се комплетира со бела чанта, патики и природна шминка.
Забава
(Видео) Хајди Клум се појави во ризичен фустан на забавата по доделувањето на наградите „Еми“
По доделувањето на наградите „Еми“, се одржа традиционалната забава, на која се собраа многубројни ѕвезди од филмската и забавната индустрија.
View this post on Instagram
Германската манекенка Хајди Клум го привлече вниманието во тесен црн фустан, без ракави, со изрези и светки.
View this post on Instagram
Фустанот ги истакна нејзиното бујно деколте и совршената фигура, а 51-годишната манекенка спремно им позира на насобраните фотографи.
View this post on Instagram
Оваа германска убавица со децении е позната како една од најуспешните манекенки, а љубовта кон манекенството ѝ ја пренесе и на ќерката Лена.
Забава
Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан
Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што мајка ѝ, легендарната Синди Крафорд, го носеше на „Оскарите“ во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетира со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“, во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за „Вог“ изјави дека Каја ѝ испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година Синди се прошета на црвениот тепих со својот тогашен сопруг Ричард Гир, а Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.