Македонија
Кабинетот на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром
Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека е за жалење начинот на кој бил разрешен инцидентот со претседателката од 1 август, односно на прес-конференција на косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски на 5 август во Скопје.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција рече дека му е жал за инцидентот на скопскиот аеродром во кој учествуваше и косовската претседателка Вјоса Османи. Неговиот косовски колега Албин Курти рече дека официјалниот извештај ќе го расветли целиот инцидент.
Кабинетот на косовската претседателка соопшти дека споменатата конференција „уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово“, јавува косовскиот сервис на Радио Слободна Европа.
„Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во целиот свет, затоа Претседателството очекува да биде информирано за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што е нагласено во протестната нота испратена од Р. Косово“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на косовската претседателка.
Оваа институција соопшти дека го цени изразот на жалење за инцидентот од страна на македонскиот премиер, но додаде дека досега „институциите на Северна Македонија никогаш не се занимавале со прашањата покренати во протестната нота за кршење на меѓународните обичаи“ во однос на кон Република Косово и дека напротив, тие отворено и без никакво двоумење прифатиле такво прекршување.
„Нема потреба од дополнителни извештаи и истраги за каква било фактичка состојба, бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Северна Македонија дека таквото правило е намерно наметнато и покрај јасните барања на меѓународното право“, се додава во реакцијата.
Од Кабинетот на Османи повторуваат дека таа не ги пречекорувала и не ги прекршила процедурите при нејзините патувања во различни земји во светот. Оттаму соопштија и дека веќе неколку дена се финализирани извештаите што за овој случај ги подготвува оваа институција и косовската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

