Македонија
(Видео) Митева: Ако СДС не се огради од планот на ДУИ за дестабилизација, ќе покажат дека се соучесници, а Филипче дека чека насока од Речица
„ДУИ незадоволна од тоа што е во опозиција со месеци прави потези кои имаат за цел да финализираат со дестабилизација, но изјавата на претседателот Мицкоски ги осуети нивните планови па сега бараат начин да се регрупираат. ДУИ треба да одговори кој го работи сценариото со кое сакаат да ја доведат државата до дестабилизација. Нарачаните анализи или како и да ги нарекуваат нивните памфлети за дефокус од вистинските причини не поминуваат. СДС да не молчат и да не се кријат, мислејќи дека на никој нема да му текне да ги праша, дали ги поддржуваат ДУИ во идејата за дестабилизација на државата или не“, рече Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ се соголија, признаа дека планираат протести и дестабилизација на државата, затоа доколку СДС веднаш не се оградат ќе значи дека и сега како и до сега во власта, се само помал партнер за правење на криминал во режија на ДУИ. Филипче ќе покаже дека само чека насока од Речица за да знае кој политички дискурс да го фати.
Молкот од СДС, пак, покажува до кое дереџе дојде оваа партија, која наместо да биде конструктувна опозиција е привезок на ДУИ за дестабилизација и темн сценарија.
СДС имаат уште малку време да излезат од прегратките на ДУИ и да се оградат од нивните планови.
Знаеме дека Венко Филипче е уплашен за себе, свесен дека ќе треба да одговара, но тој треба да знае дека соработката со ДУИ нема да го спаси, бидејќи и нивните планови веќе пропаднаа, а тој само се соголи пред целата јавност“, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.
Македонија
Гаши на средба со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење.
Претседателот Гаши изрази задоволство од реализирањето на средбата и ја истакна досегашната плодна соработка со Канцеларијата на постојаната координаторка, која, како што нагласи, значително придонесува за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
Постојаната координаторка Колумбија ја поздрави иницијативата и ја потенцираше поддршката на системот на Обединетите нации за активностите на Собранието поврзани со спроведувањето на договорите и проектите што се реализираат во партнерство со агенциите на ОН. Таа нагласи дека во иднина акцентот ќе биде ставен на заедничките напори за унапредување на образованието, создавање подобри услови за лицата со попреченост, промовирање на родовата еднаквост и понатамошно јакнење на улогата на жените во општеството и во парламентот.
На крајот од средбата, претседателот Гаши изрази благодарност до системот на Обединетите нации во Република Северна Македонија за нивните активности и поддршка во областите на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето и рамномерниот регионален развој, како и за досегашната конструктивна соработка со Собранието и неговите работни тела.

