Македонија
Во Ѓорче Петров одбележани дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

На споменикот подигнат во чест на бранителите во Волково-Општина Ѓорче Петров, денеска беа одбележани 23 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила на 10 август, 2001 година.
Пред 23 години во воениот конфликт близу селото загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000-та година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.
Бројни високи делегации, заедно со членови на семејствата на загинатите положија цвеќе на споменикот. Делегацијата на Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски кој во обраќање пред присутните рече дека со започнувањето на секој август од 2001 година па до денеска, не може, а да не се помисли на изгубените животи на македонските храбри бранители.
-Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам дека доаѓаат подобри времиња за Република Македонија. Оставија цели семејства со мисла дека ќе се вратат и оти земјата ја чекаат добри денови. Времињата се мирни сега, но загубените човечки животи во сите нас прават немири. Ги поминаа нивните последни денови храбро по рововите на македонските планини, бодрејќи се еден со друг и штиејќи ја земјата со последните нивни сили. Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци – рече Стојкоски.
Тој им се обрати лично на семејствата на бранителите и истакна дека тие се вистински херои.
– Вие сте херои, почитувани мои сограѓани. Вие и вашите храбри синови, браќа, нашите македонски браќа, кои тргнаа во битка за слободна Македонија, не колебајќи се ниту минута, свесни за суровоста на воениот конфликт. Вие сте нашата гордост и гордост на целата држава. Ви се обраќам со посебно внимание и со должна почит и секогаш ќе бидам на ваша страна – истакна градоначалникот.
Стојкоски уште еднаш ја изрази поддршката од Општина Ѓорче Петров за семејствата на бранителите.
-И самите знаете дека како локална самоуправа правиме се што е во наша моќ да ви излеземе во пресрет би ви го олесниле секојдневието. Чест ми што во мојот мандат успеавме да обезбедиме за потомците на бранителите бесплатно школување и бесплатна градинка, и приоритет на нивните поколенија при упис во претшколска установа. Тие се целосно ослободени и од сите трошоци што ги опфаќа школувањето – подвлече Стојкоски.
Високи делегации, заедно со делегациите на Општина Ѓорче Петров и Советот на Општината, претходно положија цвеќе и на спомен-одбележјето на Томислав Настевски, а по централната манифестација во Волково, го посетија и Споменикот на Бранителите во реонскиот парк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Болницата „Систина“ кадешто се лекуваше Панчо изрази длабоко сочувство со семејството, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.
Панчо по пожарот беше пренесен во „Систина“, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции. Тој е 63 жртва на пожарот во „Пулс“, во кој загинаа и вокалистот на ДНК Андреј Ѓорѓиевски, професорката и придружен вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс кои настапуваа на сцената.
Македонија
Цветановска: Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4.
„Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска.
Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо“.
„И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи. Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми,“ додаде таа.
Во изјавата Цветановска ја спомена и кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова, за која рече:
„Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори, треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4.“
„Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев,“ додаде Цветановска, прашувајќи „дали ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош.“
Македонија
Костовски: Ќе изградиме дом на културата во Бутел

„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„На оваа тематика работевме во изминатиот период. Успеавме да ги надминеме сите имотно правни проблеми и успеавме да направиме еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедија и 3Д анимација којашто ќе можеме да ја погледнеме.
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.