Македонија
Измените во законот за урбанизам не смеат да се носат по скратена постапка, велат од Левица
За престојната собраниска седница, закажана за понеделник, како дел од дневниот ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Носење на ваков закон, во скратена постапка, без констулација со експертите и за време на летен одмор само отвора сомнежи во чиј интерес се предложените измени, велат утрово од политичката партија Левица.
Во партиското соопштение се наведува дека дел од измените кои се предлагаат во новото законско решение предвидуваат бришење на обврската за обезбедување урбанистичка согласност, без да се земат во предвид последиците од укинувањето на ваквата законска обврска.
Понатаму, како што се додава, се брише обврската од актуелниот закон за започнување на постапка за носење нови урбанистички планови и документации, кои претходно не биле усогласени согласно Закон, со што владата на Мицкоски наместо да го стимулира урбанистичкото планирање, дефакто создава дополнителен урбанистички хаос. Недозволиво е делови од Републиката да немаат нови урбанистички документации, донесени согласно новите параметри.
„Со оглед на тоа што урбанистичкото планирање е обврска на општините, кои со години го пролонгираат овој процес, се чини дека тенденцијата на власта на ДПМНЕ е да ги “ослободи” своите градоначалници од оваа суштинска обврска за воведување урбанистички ред и планско организирање на јавниот простор“, велат од Левица.
Поради ова, бараат од предлагачот – министерот Александар Николовски да ги повлече овие измени и да иницира широка расправа, во консултација со ескпертската јавност. Се додава дека во услови кога урбанистичкиот хаос, узурпацијата на јавниот простор и дивеењето на градежната мафија се секојдневни проблеми на граѓаните, шверцување на ваквите измени во скратена постапка би значело дека оваа владаа одработува за други интереси, а, не за интересите на обичниот граѓанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.