Македонија
Се’ уште се активни двата пожари кај Македонски Брод, гори и од Галичица кон Стење
Вчера, сабота, 10 август, имаше вкупно 42 пожари на отворен простор.
Од нив, во моментов 6 се активни, 5 се под контрола и 31 се изгаснати, објави Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 6
1. Општина Македонски Брод 1: с.Тажево – с.Брезница – Јасен – Белица (борова шума);
2.Општина Охрид: Галичица се шири во правец на место викано Магаро кон Стење, Општина Ресен (нискостеблеста вегетација);
3. Општина Новаци: с.Полог – с.Скочивир – с.Грумази – с.Сливница- Тапевци-Гнилеж (ниска вегетација);
4.Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (мешана шума);
5. Општина Кичево: с.Патеец (борова и букова шума);
6.Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
ПОД КОНТРОЛА: 5
1. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, под контрола на подрачјето на двете општини (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);
2. Општина Пласница: с.Пласница-с.Латово (нискостеблеста вегетација)
3. Општина Кичево: с-Бигор Доленци – с.Челопеци (мешана шума);
4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
5. Општина Штип: м.в.Трештенска Скала (депонија);
ИЗГАСНАТИ: 31
1. Општина Струга 1 : с.Долна Белица – с.Октиси (ниска вегетација);
2. Општина Струга 2: с.Горно Татеши (бороа шума);
3.Општина Желино: с.Долна Лешница (сува трева и ниска шума);
4. Општина Гостивар: с.Чегране (нискостеблеста вегетација);
5. Општина Теарце: с.Теарце (сува трева во обработливо земјиште и гранки);
6.Општина Тетово: с.Шипковица према с.Бродец (депонија);
7.Општина Штип: Кај сокара АДА (ниска вегетација);
8.Општина Делчево: с.Ѕвегор (депонија);
9. Општина Струмица: Кај градски гробишта до с.Водча (сува трева);
10.Општина Гевгелија: с.Пирава (сува трева);
11. Општина Босилово 1: с.Петралици, с.Сарај (депонија);
12. Општина Босилово 2: с.Секирник (сува трева);
13.Општина Ново Село: с.Мокриево (ниска вегетација);
14. Општина Сарај: с.Ласкарци – с.Паничари (ниска вегетација);
15. Општина Ресен 1: с.Ѓавато (сува трева);
16. Општина Ресен 2: Кај гробиштата (сува трева);
17. Општина Прилеп: ул.Дабничка (сува трева);
18. Општина Битола 1: с.Кременица (сува трева);
19.Општина Битола 2: с.Велушина (сува трева);
20.Општина Долнени: с.Пешталево (ниска вегетација);
21. Општина Македонски Брод: Во градот Македонски Брод (сува трева);
22. Општина Свети Николе: с.Орел (депонија);
23. Општина Сарај 1: с.Глумово (ниска вегетација);
24. Општина Сарај 2: с.Бојане (ниска вегетација);
25. Општина Чучер-Сандево: Аеродром Стенковец (ниска вегетација);
26. Општина Гази Баба: ул.Перо Наков (ѓубриште);
27. Општина Бутел: нас.Визбегово (ниска вегетација);
28. Општина Студеничани: с.Долно Количани (ниска вегетација);
29. Општина Куманово 1: с.Брзак (ниска вегетација);
30. Општина Куманово 2: с.Речица (ниска вегетација);
31.Општина Куманово 3: с.Војник (ниска вегетација);
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

