Забава
Поранешната тинејџерска ѕвезда фотографирана во Лос Анџелес, изгледа речиси непрепознатливо

Американската актерка Аманда Бајнс (38), некогаш омилена детска и тинејџерска ѕвезда која глумеше во популарните филмови како „Таа е најдобрата“ и „Сè што може да посака една девојка“, се соочи со тежок период во животот кога стана зависна од алкохол и дрога, што резултираше со драстична промена на нејзиниот изглед.
Неодамна беше снимена на улиците на Лос Анџелес. На фотографиите таа изгледаше нерасположено, иако не обрнуваше внимание на фотографите и минувачите. Бајнс неколку пати била на рехабилитација, а сега тврди дека ја надминала својата зависност. Сето тоа влијаеше на нејзиниот изглед, па сега е значително поразлична од времето кога беше на врвот на кариерата.
Во 2012 година била уапсена поради возење под дејство на опијати, а следната година била пронајдена како пуши марихуана во фоајето на зградата во која живеела. Подоцна истата година подметнала пожар пред куќата на непознати лица, поради што била ставена под старателство. После девет години, судот минатата година одлучи дека таа е способна да се грижи за себе и го прекина старателството.
Поранешната ѕвезда беше ослободена од психијатриско лекување во април минатата година, откако беше задржана таму затоа што талкаше гола по улиците на Лос Анџелес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/видео) Најжешката пензионерка сè уште е без конкуренција: дали покажа премногу?

Познатата модна ревија на „Викторија сикрет“ повторно ги собра сите најпознати имиња во светот на манекенството. Меѓу нив е и Адријана Лима, која повторно докажа дека заслужува да носи крилја до крајот на животот, но тука е и уште една позната Бразилка, Алесандра Амбросио (44).
ALESSANDRA AMBRÓSIO A MULHER QUE VOCÊ É #VSFashionShow pic.twitter.com/EFcuBeBcaO
— bia🍸 (@dayaprker) October 15, 2025
Зачудувачката Алесандра знае како да привлече внимание дури и кога е на некои „помалку важни“ настани, но овој пат ги остави сите без здив.
Многумина ја нарекуваат и „најсекси пензионерка“, а по овие фотографии е јасно зошто.
Прво, таа прошета во смела долна облека во боја на кожа која едвај ги покрива нејзините интимни делови, а долната облека и градникот беа поврзани со испреплетен цирконски ланец.
Крилата во златна боја го надополнија сè, додека Алесандра испрати бакнежи до сите од модната писта.
Потоа ја покажа својата друга, „темна“ страна и избра црна чипкана долна облека на која додаде гламурозни крилја кои неодоливо личат на пеперутка.
alessandra ambrosio e adriana lima na sequência, a REALEZA da Victoria’s Secrets bem aqui pic.twitter.com/nZW9hVUZEo
— emily, the corpse bride (@selsdorothea) October 16, 2025
Двете изданија беа совршени, а Алесандра повторно покажа дека е без конкуренција кога станува збор за изгледот.
Покрај провокативниот стајлинг, нејзините извајани мускули исто така привлекоа големо внимание и направија сè да биде спектакуларно и ефектно во режија на оваа секси Бразилка.
фото: принтскрин
Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.
Забава
Привлекуваат љубов само кога ќе ѝ свртат грб: дали си и ти меѓу нив

Некои хороскопски знаци мора да научат на тешкиот начин дека љубовта ќе дојде само кога ќе престанат да трчаат по неа. Само кога ќе се опуштат и ќе престанат да бараат потврда однадвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага
Вагата често бара рамнотежа преку другите. Кога, конечно, ќе најдат мир во себе, се појавува некој што ги гледа такви какви што се. Љубовта им доаѓа само кога ќе престанат да им угодуваат на сите и ќе научат да се сакаат себеси.
Риби
Рибите имаат идеализирана слика за љубовта и често страдаат за погрешни луѓе. Но, кога ќе престанат да бараат сродна душа и ќе почнат да ги ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов, која е стабилна и вистинска.
Девица
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога ќе престане да размислува премногу и ќе си дозволи да чувствува, тогаш личноста што доаѓа во нивниот живот е токму она што ѝ треба, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за неа.
фото: принтскрин