Забава
Џенифер Лопез фотографирана со синот на Бен Афлек, заедно отидоа на шопинг
Пејачката Џенифер Лопез е фотографирана со 12-годишниот Семјуел, син на Бен Афлек. Таа го однела Семјуел на шопинг кај Нејман Маркус во Беверли Хилс. И двајцата заминаа со неколку торби од продавницата.
Неодамна беше откриено дека и ќерката на Афлек, Виолет, е во добри односи со Лопез. Имено, Џенифер ѝ дозволила да користи луксузна облека од нејзиниот гардеробер. Така, минатата недела Виолет прошета на улиците на Лос Анџелес во фустан на „Долче и Габана“, што Лопез го носеше за Денот на вљубените во 2023 година за време на романтичен состанок со Афлек, пишува „Дејли мејл“.

Пред неколку дена заеднички пријател на Џенифер Лопез и Бен Афлек откри за „Пејџ сикс“ дека може да се очекува парот и официјално до крајот на летото да објави оти се разделува. Тој објасни дека славната двојка успешно ги договорила условите за разделба и дека, според него, биле сигурни во својата одлука.
Нивниот близок пријател изјавил дека откако раскинале во 2004 година, постојано се прашувале „што ако“ и биле понесени од носталгија и сомнежи поради што решиле да се венчаат во 2022 година. „Тоа беше моментот кога решија да се обидат… Џенифер навистина ја сакаше таа свадба – фустаните, пријателите, украсите, таа го сакаше со години“, рече изворот додавајќи: „Тие сфатија дека тоа нема да функционира на долг рок и, еве, тоа е готово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“
Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете.
Тие ја споделија добрата вест на „Инстаграм“ со фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет.
View this post on Instagram
„Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. Голема почит до сите мајки. Неверојатно е што може да направат нашите тела“, напиша Хаџинс покрај фотографијата давајќи им до знаење на многумина дека таа и нејзиниот сопруг го добија своето второ дете.
Полот и името на нивното второ дете не се откриени, а претставниците на познатиот пар за медиумите не ја коментираа оваа добра вест.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Хаџинс и Такер станаа родители првпат во јули 2024 година. Тогаш добија син, чие име сè уште не е познато.
Ванеса еднаш зборуваше за својата нова улога – улогата на мајка и истакна дека мајчинството е најисцрпувачката работа на светот.
View this post on Instagram
„Ми дозволи да забавам и да уживам во моментот. Лесно е секогаш да гледаш напред, но најважно е она што е пред тебе сега“, рече таа.
Забава
(Видео) Лорен Санчез го покажа лицето и шокира многумина
Лорен Санчез неодамна присуствуваше на американската емисија „Добро утро, Америко“, а странските медиумски фотографи ја фотографираа пред студиото во Њујорк.
Иако сопругата на Џеф Безос се смета за дама што често прави грешки при изборот на модни парчиња, се чини дека овој пат побарала совет од стилист.
Имено, за оваа посебна пригода таа носеше монохроматско издание – црна облека надополнета со струкиран капут. Ова шик парче се карактеризира со едноставен крој, но и преголеми ракави.
Таа додаде и црвена кожена чанта во својот избор, како и длабоки црни чизми. Сепак, најголемо внимание привлече нејзиното лице, кое, како што може да се види, го „доработила“ за нејзиното појавување во американската емисија.
Филерите и ботоксот беа многу забележливи, а луѓето едвај ја препознаа…
Забава
(Видео) Мила Кунис и Ештон Качер имаат едно важно правило за родителството
Глумењето и родителството бараат строги правила за да функционираат заедно.
Актерката Мила Кунис неодамна зборуваше за клучно правило што нејзиниот сопруг, колегата актер Ештон Качер, и таа го следат заради децата, Вајат (11) и Димитри (8).
Кунис во разговор за „Екстра“ рече:
„Еш и јас никогаш не работиме истовремено. Ниеден од нас не работи кога децата се надвор од градот на училиште“.
Мила исто така рече дека снима филм еднаш годишно токму поради децата, но и затоа што има, како што вели, луксуз да го прави тоа.
@extra_tv Mila Kunis explains how she and Ashton Kutcher schedule work so one can always be with their kids. ❤️ #milakunis #ashtonkutcher ♬ original sound – ExtraTV
„Ако се снима во Лос Анџелес, мојот следен проект е снимање во Лос Анџелес во јануари, тогаш тоа ќе го правам. Потоа следниот проект е снимање во лето, во друга земја“.
Мила рече дека, и покрај тоа што таа и Качер продолжуваат да глумат, тие се трудат да им бидат достапни на своите деца.
Таа исто така истакна дека е среќна што може да избира филмски улоги.

