Забава
(Видео) Човек на кој му беше пресадено срце првпат го слушна неговото чукање, снимката расплака многумина
Американецот Џон Пол Кавалиери доживеал струен удар додека работел на скеле, но не знаел дека неговото срце е сериозно оштетено. Кога почнал да се чувствува летаргично и забележал оток на стомакот, отишол на преглед и тогаш почнала неговата борба за животот.
Џон открил дека срцето му работи само 10 проценти и иако лекарите успеале да го стабилизираат, му била потребна трансплантација. Тој го помина првичното тестирање и беше додаден на списокот за трансплантација, но во јуни 2022 година неговата состојба се влоши и лекарите му рекоа дека е само прашање на време кога неговото срце ќе престане да работи.
@just_the_ten_of_us Don’t stop believing. Don’t quit. I’ll keep pushing to the finish line. #dontquit #determination #finishline #godsplan ♬ original sound – John Paul Cavalieri
Џон бил на чекор до смртта, но ја напуштил болницата во инвалидска количка за сопствената свадба. После тоа се вратил во болница и чекал.
„Мислев дека немаат срце за мене. Мислев дека ќе умрам и нема други опции“, рече тој. Сепак, среќата му се насмевна и на Џон му беше пресадено ново срце.
@just_the_ten_of_us Listening to my new heart for the first time. such a humbling experience. ##listening#h#hr#heartmb#humblingexperiencen#transplant ♬ original sound – John Paul Cavalieri
Кога се разбудил по операцијата, првото нешто што сакал е да го слушне чукањето на своето ново срце, а снимката расплака многумина.
Во знак на благодарност до неговиот донор Џек и неговото семејство Џон основа фондација за да ги почитува животот и наследството на својот донор, кој му даде нова шанса за живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

