Македонија
(Видео) Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите што сега се прибираат во државната каса
„СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса. Десетици милиони евра повеќе се собрани во државната каса од страна на УЈП, Царинската Управа и Јавното претпријатие за државни патишта во месец јули оваа година во споредба со истиот месец лани“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавното претпријатие за државни патишта во јули наплатило 16 милиони денари повеќе од патарини оваа година во споредба со лани.
Царинската управа наплатила 12 милијарди денари во месец јули, што е рекордна наплата на оваа институција било кога од нејзиното постење.
Пикот во собирање приходи го има и УЈП, каде се наплатени 13.4 милијарди денари, што е исто тако рекорд.
Комбинираниот приход на УЈП и Царинската управа е над 25.4 милијарди денари, што е над 415 милиони евра.
Ја враќаме државата на народот, УЈП и Царина собраа десетици милиони евра повеќе, наместо во нечии џебови парите ќе одат за нови градинки, училишта и болници.
Реализацијата на УЈП, Царина и ЈП за државни патишта покажа дека парите биле тука, само тие не завршувале во буџетот, туку во нечии џебови.
Власта на СДС и ДУИ покрај на тендери и матни зделки ја краделе државата и преку не наплаќање на даноци и царини.
Народот многу скоро од денес ќе ја осети разликата во собраните приходи, преку покачените пензии, новите училишта, градинки, болници.
Македонија може да оди напред, само кога нема политичари кои ја крадат. Политичарите од СДС и ДУИ кои ја ограбија државата ќе одговараат. А народот ќе живее во држава која ќе се грижи за него“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почна изградбата на мултифункционалниот центар во општина Аеродром
Почна изградбата на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром, кој е целосно финансиран од Владата. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека овој објект ќе биде додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје.

„Општина Аеродром генерално беше прилично амбициозна што се однесува до проектите коишто ги финансира Владата и во првиот и во вториот повик некаде околу 15 милиони евра вкупно е сумата на проектите коишто се финансираат од Владата, кога на тоа ќе се додадат и делот од кофинансирањето што го има самата општина доаѓаме до навистина еден силен би рекол инвестициски циклус.

Овој објект којшто денеска направивме увид, преставува навистина нешто коешто ќе е додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје и ние како влада ова го препознавме и заедно со општината ќе го реализираме и чувствувам дека кога ќе биде сето ова готово и целиот овој облик на ова маало ќе изгледа поинаку сигурен сум дека не само општината туку и скопјани ќе го користат овој мултифункционален центар на културата или културен центар како сакат“, рече Мицкоски.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно
„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски му порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.
„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно tie да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски и додаде:
„Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот којшто конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.“
Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти.
„На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи“, истакна Мицкоски.
Македонија
Целта е да изградиме модерен и европски здравствен систем: Алиу ги презентира реформските процеси во здравството
Министерот за здравство Азир Алиу денес ги презентира реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата.
„Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем што ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и еднакво достапен за сите граѓани. Продолжува тековната имплементација на ИПА II и ИПА III-проектите, напредокот на националниот систем за трансплантација, како и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор“, рече во обраќањето Алиу.
Тој посочи дека Министерството финализира и усвои повеќе стратешки документи со долгорочно значење за јавното здравје, меѓу кои стратегијата за ретки болести како прв системски документ што поставува јасни цели за дијагностика, третман и поддршка на пациентите и нивните семејства, стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје, која го зајакнува пристапот до квалитетни, инклузивни и правично достапни услуги за сите категории население и акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030, кој претставува современ, превентивен и интерсекторски документ подготвен во согласност со европските стандарди и препораките на ЕК и СЗО.
На состанокот учествуваа претставници од делегацијата на Европската Унија, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и Светската банка, чија поддршка е од исклучително значење за унапредување на здравствениот систем и за негово усогласување со стандардите на Унијата.
„Ова е јасен доказ за заедничката определба за системско унапредување на здравствениот сектор и за поддршка на реформските процеси што нашата држава ги спроведува на патот кон Европската Унија“, истакна Алиу.

