Македонија
„Дали во СДС има некој нормален? Ако имаше криминал, ќе ја осудеа Сања Божиновска додека беа на власт, а не сега да измислуваат наводни афери“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Дали во СДС има некој нормален? Ако имаше криминал одамна ќе ја осудеа Сања Божиновска додека беа на власт, а не сега да измислуваат наводни афери читајќи пресови кои Филипче и Заев им ги диктираат од некоја плажа“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Богданка Кузеска.
„Ваквите небулозни пресови на СДС се само одраз на нивната изгубеност. Седум години СДС ги користеше институциите за прогон. 7 години судеа кој ќе стигнат и како ќе стигнат. И сега најдоа да зборуваат за криминал. Па да имало било каков доказ за човек близок до ВМРО-ДПМНЕ тој одамна ќе бил во затвор.
Смешни се пресовите на Кузевска за картели и фавели, нека се сврти зад себе, таму ќе го најде наркокартелот од Муртино, до него е медоцинската тендер мафија Филипче – Пановски, а веднаш до нив Ковачевски и фотоволтаиците на сопругата и фабриката на кумот.
Нема поголем картел од криминалната банда која ја исцица Македонија 7 години и ја доведе до банкрот и ги сруши сите нејзини институции. Тоа е картелот на Заеви и нивниот пион, докторот за тендери Филипче“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.


