Црна хроника
Кумановец се коцкал во казино со фалсификувани пари

Полицијата го приведе А.Н.(43) од село Лопате, кумановско, поради фалсификување пари.
Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.
Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Мајка од Гостиварско го повредила своето 4-годишно дете, МВР поднесе кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради сомнеж за насилство врз дете.
Според информацијата од полицискиот билтен, на 4 јули пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди.