Македонија
„Проширувањето на позитивната листа на лекови со девет нови е благодарение на СДСМ“, велат од Социјалдемократскиот сојуз
„Проширувањето на позитивната листа на лекови со нови 9 лекови е благодарение на СДСМ затоа што ги започна и сите предуслови за тоа да се случи беа завршени во мандатот на СДСМ. Подобрување на пристапот до лекови, менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови беше дел од долгорочните политики на СДСМ“, соопшти СДСМ.
„СДСМ ја отвори можност за нова, современа и поефекасна терапија за граѓаните после цели 13 години.
Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, усогласен со европските правилници.
Во 2023 година беше формирана и стручна комисија а претходно беше усвоени нови критериуми, кои опшфаќаа и значење на лекот од аспект на јавно здравје, вредност на лекот, фармако-еконосмки аспекти што за првпат се воведоа како новина, етички аспекти за употреба на лекот како и дополнителни податоци од референтни извори и научни сознанија за секој лек.
За граѓаните се отвори можноста за нови лекови а за фармацевтските компании можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.
Актуелната власт само го заврши процесот. Но за жал и тоа е нецелосно. Како што гледаме процесот не е комплетен, потребно е оваа листа да се интегрита и заедно со болничките лекови да се дополни“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

