Македонија
„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“
Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто, како и подароци за купени производи од големиот избор на школски материјали.
Продажната акција „Време е за училиште“ ќе трае од 16 август до 14 септември 2024 година во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и онлајн на www.literatura.mk.
Во акцијата има и неколку атрактивни понуди со подароци:
⦁ За сметка над 3990 денари следува подарок ранец „Хари Потер“.
⦁ Со сметка од 1890 денари како подарок ќе добиете креативен сет со „Хари Потер“ или со „Paw Patrol“.
⦁ За сметка од 1190 денари следува подарок зимско капче „Хари Потер“.

Овие специјални понуди важат за сметка од купен училиштен прибор од брендовите: „Herschel“, „POLO“, „Funko“, „Cerda“, „Giotto“, „Faber-Castell“, „Giovas“, „Staedtler“, „Statovac“ и други. Овој дел од акцијата важи во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“, „Ист гејт мол“ и во „Дајмонд мол“.

За купен комплет вежбанки и збирки за едно одделение, во издание на „Арс Ламина“, следува подарок – сет маркери „Марвел“ или „Барби“.
За една купена вежбанка или збирка од оваа понуда на „Арс Ламина“ следува едукативен постер. Со секоја купена А5 тетратка и тетратка со тврд повез од брендот „Skriptie“ ќе добиете уште една гратис.
Специјалните понуди и попустите не се комбинираат. Подароците се во ограничени количества и акцијата важи до исцрпување на резервите.
Во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн, на www.literatura.mk може да се најде сѐ што им е потребно на учениците за новата учебна година, од гуми до глобуси: ранци, тетратки, школски прибор, едукативни помагала, дидактички прибор, тетратки за почетно пишување, материјали за ликовно, моливи, боички, фломастери, креативни изработки, забавно-едукативни изданија, книги со активности, читанки и лесно читливи лектири. На листата се и збирки задачи по математика, физика, вежбанки за општество, природни науки, македонски јазик и музичко, за основните и за средните училишта.
Каталогот со сите попусти и понуди можете да го разгледате на следниот линк: КАТАЛОГ
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

