Македонија
„Паркови и зеленило“: Редовно и континуирано го одржуваме зеленилото кое е во наша надлежност

ЈП Паркови и зеленило ја демантира денешната објава на Општина Аеродром со наслов ,,ЈП Паркови и зеленило иако се платени од жителите целосно го занемарија јавното зеленило“.
Ве информираме дека ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите , булеварите собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општината. ЈП Паркови и зеленило редовно и континуирано го одржува зеленилото според усвоената Програма за работа од страна на Советот на Град Скопје.
Во летниот период каде изминативе денови имавме екстремно високи температури, зеленилото бара посебна грижа. За одржување на тревната површина во добра состојба во текот на летните месеци, покрај редовното косење за да се одржи оптималната висина, полевањето е неминовно. Така, полевањето на зеленилото го вршиме во доцните вечерни часови за да се избегне испарување на водата поради високи температури во текот на денот, а и поради апелот од ЈП Водовод и канализација за рационално користење на водата во деновите со екстремно високи температури за да не дојде до нестабилност во водоснабдувањето во високите зони. Наводнувањето го вршиме од 23 до 5 часот наутро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.