Свет
(Видео) Украинците урнаа уште еден мост во курската област
Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, изјави дека украинските сили кои спроведуваат операции во областа Курск уништиле уште еден клучен мост.
Олешчук објави видео на „Телеграм“ на кое се гледа прецизен воздушен напад на мостот, пишува „Киев индепендент“.
Ukrainian Air Force released footage of the strikes on the bridge near Zvannoe. The crossing is now out of operation.
Geo – 51.388135, 34.553940@GeoConfirmed @UAControlMap
Is it correct? pic.twitter.com/Cov7a3mb8C— Spotlight (@SpotlightNeedy) August 18, 2024
„Еден мост помалку. Воздухопловните сили продолжуваат да го лишуваат непријателот од неговите логистички способности благодарение на прецизните воздушни напади“, рече Олешук.
Се соопштува и дека во нападот биле користени ракети ХИМАРС. „Киев Индипендент“ наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења. Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост урнат од украинските сили во областа Курск од почетокот на нападот врз тој руски регион на 6 август. Претходно, на 16 август беше погоден мост во населбата Глушковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не отстапуваме територија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен со Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили нема да се повлечат ниту чекор на бојното поле за да отстапат територија.
Зеленски, исто така, изјави во разговорот со новинарите дека Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатите руски средства во Украина, објави Укринформ.
Зеленски ги повика американските конгресмени да донесат построги санкции кон Русија и рече дека на Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години.
Свет
Зеленски: Дроновите „Шахед“ стануваат поопасни од балистичките ракети
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предупреди дека иранските дронови „Шахед“ стануваат поопасни од балистичките ракети поради нивната огромна големина и постојана модернизација, објави Укринформ.
„’Шахед’ сега станаа поопасни од балистичките ракети на некои места. Соборуваме балистички ракети барем таму каде што имаме Патриот. А за да собориме толку голем број ‘Шахед’ на таква висина, потребно е да користиме сè. Пресретнувачи, Ф-16, хеликоптери – користиме сè. И многу зависи од времето. По снег ќе видиме како ќе користиме хеликоптери. Дожд и слично – авијацијата веќе не гледа сè толку добро“, нагласи Зеленски.
Тој објави дека во ноември е планирано да се достигне производство од 500 до 800 дронови-пресретнувачи дневно, но предупреди на потребата од обука на нов персонал.
„Мораме да подготвиме оператори. Многу мобилни противпожарни групи се стационирани на овој или оној објект, сега ни требаат многу оператори кои ќе работат со пресретнувачи“, додаде Зеленски.
Тој, исто така, нагласи дека Украина ќе одговори на руските напади, а особено, се планира зголемување на борбената употреба на ракетите „Фламинго“ и ракетите со беспилотни летала „Рута“.
Пред два дена Зеленски објави податоци за нападите во претходната недела. Според овие податоци, Руската Федерација употребила повеќе од 50 ракети, речиси 1.200 ударни беспилотни летала и повеќе од 1.360 наведувани бомби против Украина од 20 до 26 октомври.
Од почетокот на годината, Русија испалила околу 770 балистички ракети и повеќе од 50 хиперсонични ракети од типот „Кинжал“ кон Украина.
фото:принтскрин
Свет
Трамп би сакал повторно да се сретне со Ким Џонг Ун, но Пјонгјанг молчи
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати предложи средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун додека се подготвува за посета на Јужна Кореја оваа недела, каде што доби поддршка од официјални лица за идејата, но Пјонгјанг досега молчи.
Северна Кореја не коментираше јавно, а американските и јужнокорејските претставници изјавија дека не се во тек конкретни подготовки. Пред заминувањето на Трамп од САД, Северна Кореја лансираше, како што рече, нови хиперсонични балистички ракети.
Но, Трамп го искористи своето патување во Азија за да ја сигнализира својата подготвеност да се сретне со севернокорејскиот диктатор, надевајќи се дека ќе ги оживее серијата самити што двајцата ги одржаа за време на првиот мандат на Трамп.
„Имав само добри односи со него“, рече Трамп во понеделник.
„Би сакал да го видам ако сака, ако воопшто ја добие оваа порака. Не споменавме ништо, но тој знае дека одам таму. Ако сака да се сретнеме, со задоволство би се сретнал со него.“
На прашањето што би можело да го донесе Ким на преговарачка маса, Трамп рече дека санкциите би можеле да бидат одговорот.
„Тоа е доста голема работа за почеток“, рече тој. „Би рекол дека е најголемата можна.“
Двајцата одржаа самити во 2018 и 2019 година пред разговорите да пропаднат за нуклеарниот арсенал на Пјонгјанг. Северна Кореја е под строги меѓународни санкции поради тоа оружје, како и поради нејзините балистички ракети.
Ким минатиот месец посочи дека е отворен за средба со Трамп доколку САД се откажат од барањето Ким да се ослободи од својот нуклеарен арсенал, но отфрла било какви преговори со Јужна Кореја.
„Лично, сè уште имам убави спомени од американскиот претседател Трамп“, рече тој во говорот, според државната новинска агенција КЦНА.
„Ако САД се откажат од својата апсурдна опсесија со нашата денуклеаризација и ја прифатат реалноста и искрено сакаат мирен соживот, нема причина да не седнеме на преговарачка маса со САД.“
фото: принтскрин

