Економија
Николоски: На мобилните оператори не им одговара конкуренција, се случува дуопол и цените растат
Во наредниот период ќе се донесе стратешка одлука дали ќе се воведе трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на постојните два оператори. Ова го истакна министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за писмото со намери што до Владата го достави групацијата од Унгарија, „4iG“.
Николоски рече дека во моментов се случува дуопол помеѓу постојните два оператори (Македонски телеком и А1 Македонија), а цените на услугите не само што не се намалуваат туку се зголемуваат. Стравот кај овие два оператори, според Николоски, е дека цените драстично ќе се намалат и нема да можат да прават десетици милиони евра профит секоја година, а тие пари ќе останат кај граѓаните.
Состојбата каква што е во моментов, не нуди никаков натпревар ниту во делот на подобри услуги, ниту во делот на поевтини цени за граѓаните. Министерот вели дека нема друга држава во Европа каде што граѓаните плаќаат за кабелска телевизија, а дел од надоместот не се исплаќа на телевизиите коишто се емитуваат преку кабелска телевизија.
„Тоа го има само во Македонија, како што само во Македонија има телевизиите да плаќаат за т.н. дигитализација на еден од овие два оператори, а вториот оператор воопшто да не нуди таква услуга што мислам дека е најдобар доказ за договорите што ги прават помеѓу себе. На крај страдаат граѓаните и затоа ние мора ова да го решиме на начин што граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги за помалку пари“, рече Николоски.
Министерот рече и дека кога влегле во оваа операција, биле свесни дека ќе претстои голем напад од овие два оператора оти не им одговара да се разбие пазарот и да се воведе конкуренција, но се подготвени.
Прашан од новинарите зошто баш унгарска компанија за која се знае дека е блиска до претседателот Орбан, Николоски одговори со „Зошто да не?“. Дополни дека ако сега граѓаните плаќаат 5.100 денари за одредена услуга, а утре плаќаат 3.100, понатаму не важно кој ја дава услугата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.