Регион
Објавена фотографија од момчето што загина во забавниот парк во Пефкохори: „Почувствував како ми се откачи дел зад грбот, а брат ми одлета“

Мајката и братот на младото момче (19), кое загинало кога се скршило седиште на рингишпил во забавниот парк во Пефкохори, ужасно врескале додека ја гледале трагичната сцена.
Младиот човек по име Јани отишол кон рингишпилот со својот брат, а мајка му и другиот брат стоеле и ги гледале.
Според преживеаниот брат, двајцата првин седнале на едното двојно седиште, но операторот им рекол да се префрлат на другото, што и го направиле.
„Пред да почне возењето рече дека ќе биде силно. Отпрвин сè почна полека, а потоа побргу и побргу. Почувствував како ни се лизга седиштето, му реков на брат ми: „Јани, лизгаме“. Тој ме погледна, но немаше време да каже нешто. Тогаш почувствував како ми се откачи дел зад грбот, а брат ми одлета“, рекол братот на загинатиот млад човек.
Потоа раскажал како успеал да се спаси.
„Во секунда паднав на грбот и сфатив дека брат ми веќе не е до мене. Грчевито се држев за железната шипка… Сето ова се случи пред другите, пред нашиот брат и мајка ни. Операторот го немаше никаде, други лица ја запреле машината. „Кога се симнав, видов дека брат ми лежи на земјата“, рекол младиот човек.
Полицијата го приведе сопственикот на забавниот парк, а истрагата за трагедијата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин