Црна хроника
Прегазена жена во Штип, возачот избегал од местото на несреќата
Вчера во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Сутјеска“ во Штип, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки удрило во пешакот 67-годишната Ц.К. од Штип, по што возачот со возилото го напуштило местото, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.К., констатирани во Клиничката болница Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Кочани три лица оштетиле возило и нападнале жена
Вчера во Полициската станица Кочани, Б.С. од Кочани пријавил дека околу 18.10 часот, Б.Ѓ., М.Н. и уште едно лице, дошле пред неговата куќа и фрлале тврди предмети, при што го оштетиле неговото возило, а Б.Ѓ. влегол во дворот и ја нападнал неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Масовна тепачка во Скопје, приведени три лица
Вчера околу 22.00 часот во Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле С.А.(39), Е.А.(51) и Т.А.(29), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со уште неколку лица физички го нападнале Д.И.(30) од Скопје.
Според пријавеното, пред Полициското одделение Шуто Оризари, тие физички го нападнале и А.К.(30) од Скопје, кој го однел Д.И. да даде изјава во врска со претходниот физички напад. Исто така, според пријавеното, откако Д.И. слушнал врева излегол од станицата и со тврди предмети ги оштетил прозорите од куќата на С.А.(39), каде претходно се собрале поголема група граѓани.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Одделечено лице со здравствени проблеми од домот во Гази Баба
На 16.09.2024 во Полициската станица Гази Баба, Н.С.(46) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.С.(20), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.