Македонија
(Видео) Мицкоски: Останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, до сега нема некој конкретен предлог од стручната фела и експертите
„Сѐ уште останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, во нашиот правосуден систем, и тоа на сите анкети на јавното мислење е прва тема, дека е потребно да имаме реформи бидејќи довербата е катастрофална, катаклизмична. Да, ние имаме програма и, да, во нашата програма стои дека треба да биде распуштен Судскиот совет ваков каков што е, партизиран, но и Советот за јавните обвинители, бидејќи гледате веќе таму што се случува бидејќи луѓе што се дел од оваа институција полека но сигурно имаат признанија за сторени кривични дела итн.“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета и додаде:
„Но, бидејќи се отвори дебатата во јавноста ние сме подготвени како транспарентна Влада, Влада што сака да се грижи за иднината, а не за минатото да ги сослушаме сите и ако е потребно да направиме еден мозаик од сето тоа, да направиме јасен гантограм на активности, чекори, реформи кои што ќе ја зголемат довербата во правосудниот систем, бидејќи ако немам правна државата, тоа го кажав и вчера на прес конференцијата, како што многумина политичари во светот, светски, многу поискусни од мене велат ние имаме безбедносна закана кон државата, а ние како Влада не смееме да дозволиме да немаме правна држава, да имаме криминални политичари, криминалци, корупција итн. Тоа е безбедносна закана и како таква мораме да одговориме соодветно и така и ќе одговараме соодветно на тоа, односно ќе правиме реформи за да ја поразиме оваа безбедносна закана.“
Премиерот Мицкоски објасни дека безбедносна закана кон една држава не се прави само со оружје во рака, туку се прави и со тешки криминални дела.
„Не значи безбедносна закана ако некој земе оружје во рака и дека го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет, тоа е еден начин, но доколку имаме и пандемија состојба како што беше во минатото со криминалот и корупцијата, ако имаме криминализирани поединци во правосудството, не велам сите, поединци тоа е исто како и да имате вие во буре со најубавата, најбистрата вода и земете неколку лажици фекалија да ставите тогаш за бадијала ви е, ако имате вие мнозинство луѓето од таму што се прекрасни, перфектни кога неколкумина злоупотребуваат и го рушат угледот и дигнитетот на сите луѓе во фелата“, истакна премиерот.
Претседателот на Владата посочи дека консултациите ќе продолжат додека не се најде најдоброто решение за да се врати довербата во правосудниот систем кај граѓаните.
„Така што сега за сега јас навистина покреативна и поконстрантна политика од онаа што ја имаме не сум слушнал од сите оние што сме ги сретнале. Уште ќе продолжиме со консултации, рековме до крајот на август, ако е потребно и понатаму, мораме да дојдеме до формулата до која што граѓаните ќе веруваат дека правдата важи за сите“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот.
Кочани и Штип
Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици.
Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и Македонијапат интервенира за нивно расчистување.
Битола
Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.
Ресен
Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.
Крушево
Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.
Демир Хисар
Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.
Прилеп
Во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот.
Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.
Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.
Тетово
Патот кон Бање Тетово е исчистен но СВР Тетово го има забрането сообраќајот од безбедносни причини.
Патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.
Состојбата во село Стримница Општина Желино се следи континуирано од надлежните служби.
Македонија
Заладување и снег низ цела Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег.
Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите места се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 3 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 4 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре се очекуваат локални снежни врнежи и засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, утринските температури на одделни места ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, додека дневните ќе останат под нулата.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

